Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Џон Дир најави нов бран отпуштања во својата најголема фабрика
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Џон Дир најави нов бран отпуштања во својата најголема фабрика
Агровести

Џон Дир најави нов бран отпуштања во својата најголема фабрика

Објавено 08/12/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Џон Дир, еден од водечките производители на земјоделска и градежна опрема, најави нов бран отпуштања во својата најголема фабрика, Ватерло Воркс, лоцирана во градот Ватерло (Ајова).

Според податоците од Државната програма за приспособување и преквалификација на работниците во Ајова (WARN), тие планираат да отпуштат дополнителни 112 работници почнувајќи од 5 јануари, пишува Des Moines Register.

Ова е шести бран отпуштања годинава, при што вкупно 1.075 вработени се отпуштени поради намалени приходи во земјоделството.


Предизвикувачките пазарни услови и намалената побарувачка резултираа со пад од 3 милијарди долари на нето приходот во фискалната 2024 година, објави компанијата во својот финансиски извештај за четвртиот квартал. „Со цел да останеме глобално конкурентни, мора да продолжиме да ја прилагодуваме нашата работна сила на потребите на нашиот производствен систем“, рекоа тие за Des Moines Register.

Засега во Ватерло вработуваат 4.700 работници, од кои околу 2.700 се во секторот за производство и одржување. Во текот на 2024 година, компанијата укина 1.702 фабрички и канцелариски работни места во Ајова, додека во јуни на 103 работници во Отумва им беше понудено предвремено пензионирање.
Американското Министерство за земјоделство предвидува дека во 2024 година падот на приходите од пченка и соја ќе се зголеми за дополнителни 18 отсто, откако минатата година падна за пет отсто. Покрај тоа, цените на житото се значително пониски во споредба со рекордните нивоа во 2022 година.

И покрај тешките услови, Дир вели дека работниците кои ќе останат без работа нема да останат без дополнителна поддршка. Поранешните работници имаат право на одредени средства за надоместок во зависност од нивниот стаж, со преодна помош за период до една година, се вели во соопштението.

Може да ви се допадне

“Рурални Жени за одржлив развој на Преспа”: Почнавме со берење на планински чај!
Министерството за економија и труд и Пазарниот инспекторат најавија засилен надзор врз движењето на цените
Безбедна е водата за пиење во Скопје
Ристески пред средбата со производителите, трговците и дистрибутерите: Не смее да има воени профитери што ќе заработуваат на грбот на граѓаните
Серафимовски: Земјоделските политики ги креираме во дијалог со производителите
Таг:вработрниотказџон дир
Претходен напис Зголемените трошоци и падот на производството ја загрозуваат стабилноста на европскиот пазар на ѓубрива
Следен напис Кои се ОТКУПУВАЧИТЕ на земјоделски производи во кои земјоделците имаат најголема доверба
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?