Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Сакето признаено како „нематеријално културно наследство“ во УНЕСКО
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Сакето признаено како „нематеријално културно наследство“ во УНЕСКО
Магазин

Сакето признаено како „нематеријално културно наследство“ во УНЕСКО

Објавено 05/12/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Древната јапонска култура процес на подготовка на саке е признаена од УНЕСКО како „нематеријално културно наследство“, за што производителите се надеваат дека ќе поттикне интерес за традиционалното оризово вино, како на светско ниво, така и во Јапонија – земјата откаде што потекнува напитокот, а каде популарноста се намалува.

Агенцијата за образование, наука и култура на Обединетите Нации – УНЕСКО вклучува практики, уметнички дела или вештини на својата листа на нематеријално културно наследство за да го поттикне нивното зачувување за идните генерации. Иако сакето игра важна улога во јапонското општество и традиција и често се служи за време на свечености, посебни оброци итн., домашната побарувачка за оваа напивка опаѓа, додека меѓународната побарувачка расте.

Јапонските претставници на состанокот на УНЕСКО во Парагвај ја одбележаа пригодата со дегустација на саке.

Производителите на саке се надеваат дека признанието на УНЕСКО ќе го зголеми неговиот извоз и ќе го заживее интересот дома.

– Многу сме среќни… Меѓународното признание ќе го обнови интересот на Јапонците за ова поле, а тоа би можело да поттикне поголем импулс за пренесување на овие вештини и знаења на следното поколение, изјави постојаниот претставник на Јапонија во УНЕСКО, Такехиро Кано.

Пијалакот се прави неколку недели, со ферментирање на мешавина од ориз, вода, квасец и шарена мувла којашто во Јапонија се нарекува „коџи“. Производството, сепак, повеќе наликува на правење пиво отколку – на вино. Пијалокот може да се сервира топол, ладен или на собна температура.

УНЕСКО, исто така, го одобри астурискиот јаболков пијалак од Шпанија и изработката на џиновски буриња во Гватемала, меѓу другите ставки и практики прифатени од списокот. 

МИА

Може да ви се допадне

Чорба од црвен грав
Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Печен омлет со тиквички, пиперки и домати
Освежителна зеленчукова салата со тестенини
Денеска е Духовден – Света Троица, празникот што се смета за роденден на христијанската црква
Таг:културно наследствонематеријалноСакетоУНЕСКО
Претходен напис Белгиските земјоделци ги затворија границите со Германија и Франција во знак на протест против договорот на ЕУ со земјите од Меркосур
Следен напис (ВИДЕО) Трипуновски: Оваа година ќе имаме поголем просек на откупна цена од минатата година
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?