Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Во Тетово промовирана платформа која нуди поддршка за почнување зелени бизниси
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Во Тетово промовирана платформа која нуди поддршка за почнување зелени бизниси
Агровести

Во Тетово промовирана платформа која нуди поддршка за почнување зелени бизниси

Објавено 04/12/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Студенти и млади од Тетово денескa на Универзитетот на Југоисточна Европа имаа можност да слушнат за можноста да почнат таканаречен зелен бизнис со поддршка од Европската унија. Проектот и интернет платформа Green Up Yourself има за цел да го промовира отворањето бизниси кои покрај профит и вработување, ќе имаат за цел заштита на животната средина.

– Денес со младите дознаа како може да ги зајакнат нивните знаења и вештини во областа на зеленото претприемништво и зелените вештини, се со цел да се охрабрат и да се мотивираат и да видат кои чекори може да ги преземат да бидат успешни зелени претприемачи. Платформата е креирана во соработка со организации и институции од Шпанија, Италија, Кипар, Грција и Словенија. Оваа платформа е водена од ментори во зелено претприемништво, воедно и експерти кои имаат што да понудат и ќе бидат достапни на самите студенти за понатаму, изјави Марина Тошевска од организацијата Агролидер која е македонски партнер во проектот.

Таа го пренесе и нејзиното искуство преку проектот со кој почнала производство на грицки за домашни миленици од кланичен отпад што е пакуван во рециклирана амбалажа

– На тој начин помагам во управување на отпад од кланичко потекло којшто итекако влијае многу на емисијата на стаклени гасови. Веќе користиме енерго-енергетски ефикасни практики во производство и влијаеме на потрошувачката на електрична енергија, на секој начин гледаме да вклучиме сите аспекти, нашиот бизнис да биде промовиран како зелен бизнис во областа на циркуларната економија. Последните години сме сведоци на големи промоции на зелени бизниси коишто прават промени во заедниците и ги поттикнуваат останатите бизнис ентитети да можат да го воведуваат зелени начини на производство. Верувам дека се повеќе млади  ќе предводат зелени бизниси, а ние како држава ќе создадеме едно еколошко одржливо општество и ќе имаме социо-економски развој, истакна Марина Тошевска.

Зеленото претприемништво подразбира работа со сончеви колектори, реупотреба на облека компостирање, органско земјоделство и слично.

МИА

Може да ви се допадне

АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Славески: Народната банка треба да добие механизми за ограничување на банкарските надоместоци
Таг:зелени бизнисиплатформаподдршкатетово
Претходен напис Променливо време со повремен дожд и ветер до крајот на неделава
Следен напис МЗШВ: Обука за органско производство
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?