Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ЦУК: До 11 часот сите патни правци во државава се проодни, освен планиските делови
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > ЦУК: До 11 часот сите патни правци во државава се проодни, освен планиските делови
Агровести

ЦУК: До 11 часот сите патни правци во државава се проодни, освен планиските делови

Објавено 30/11/2024
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Сите патни правци во Скопскиот регион се проодни освен (планинскиот дел) во општините Чучер Сандево, Бутел, Сопиште, Студеничани и Зелениково, информираат од ЦУК по добиена информација од РЦУК – Скопје за проодноста на патните правци по обилните врнежи од снег на територијата на државата до 11 часот.

Од ЦУК посочуваат дека има заврнато мало количество на снег кој е кашест и се топи. Во скопскиот регион, до сега нема зголемен водостој на реките кои би предизвикале излевање од речните корита.

Од РЦУК – Куманово информираат дека Северисточниот регион – Општина Куманово, Старо Наоричане, Крива Паланка, Кратово, сите магистрални регионални и локални патни правци се проодни, собраќајот се одвива тековно во зимски услови. Врнежи од дожд  5,1 м2  измерени во 08:00 часот, додека врнежите од снег има во повисоките места од 5 до 10 cm.

Од РЦУК – Тетово известуваат дека сите патни правци на Полошкиот регион – Тетово, Гостивар, Теарце, Јагуновце, Желино, Брвеница, Боговиње, Врапчиште, Маврово-Ростуше се проодни. Патниот правец Попава Шапка – Тетово, и Гостивар – Стража и Маврово има снег со слаб интензитет. Екипите на ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта се на терен и интервенираат доколку е потребно.

Од РЦУК Велес известуваат дека сите патните правци на територија на Вардарскиот регон – Велес, Свети Николе, Чашка, Градско, Росоман, Неготино, Кавадараци, Демир Капија се проодни. На овие места врне дожд со слаб интензитет.

Од РЦУК – Штип известуваат дека патните правци на територија  на источниот регион – Штип, Берово, Пехчево, Виница, М. Каменица, Делчево, Кочани и Пробиштип, Лозово, Карбинци, Чешениво-Облелешево, Зрновци се проодни. Собраќајот на патиштата се одвива тековно во зимски услови, по влажни коловози и нема појава на поплави и други нарушувања.

Од РЦУК – Битола информираат дека сите патни правци на Битолскиот регион – Општина Битола, Новаци, Могила, Прилеп, Долнени,Кривогаштани.Демир Хисар, Крушево) се проодни.

РЦУК – Струмица соопштува дека сите патни правци на Струмичкиот регион – Струмица, Босилово, Василево, Ново Село, Радовиш, Конче, Валандово, Гевгелија, Богданци, Дојран се проодни.  Дождот што има наврнато, засега не претставува опасност од поплави сообраќајот се одвива нормално.

Од РЦУК – Охрид известуваат дека сообраќајот на сите магистрални, регионални и локални патни правци се одвива редовно по влажни коловози. Сосема мала количина на снег се забележува на повисоките населени места кој не претставува проблем за редовно одвивање на сообраќајот.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:11 часотделовинепроодни патиштацук
Претходен напис Врнежи од снег во неколку градови и на планините, забрана за тешки возила на Стража и на патот Маврово -Дебар
Следен напис И утре облачно време со повремени врнежи од дожд и снег
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?