Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Трипуновски: Продажбата на македонското вино надвор од границите на државата е зголемена
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Трипуновски: Продажбата на македонското вино надвор од границите на државата е зголемена
Агровести

Трипуновски: Продажбата на македонското вино надвор од границите на државата е зголемена

Објавено 24/11/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски на саемот „Винска визија на Отворен Балкан“ во Белград изјави дека целта на Владата е да го зголеми производството и извозот на вино, истакнувајќи дека винарството е стратешки важен сектор за економијата во државата.

– Продажбата на македонското вино надвор од границите на државата е зголемена, при што Македонија е на 22 место во светот по производство на вино и на 29-то место по извоз. Девизниот прилив од извоз на вино за 2023 година изнесуваше над 57 милиони евра, а македонските вина се продаваат во преку 40 држави, најмногу на Балканот, рече Трипуновски.

Трипуновски истакна дека оваа година на саемот се претставуваат 80 винарски визби, од кои 68 се мали семејни винарии, а 12 се дел од Здружението „Wines of Macedonia“. За првпат на оваа манифестација има и изложувачи на македонска традиционална храна, јави известувачот на МИА од Белград.

Дополни дека Владата ќе работи посветено на секторот винарство, кој, како што рече, е втора најзначајна гранка во земјата.

„Винска визија на Отворен Балкан“ оваа година се одржува од 22 до 24 ноември на Белградскиот саем. На третиот Меѓународен саем за вино, храна, ракија и туризам „Винска визија на Отворен Балкан“ има 650 изложувачи од 38 земји.

Од Северна Македонија учествуваат 80 винарии и дестилерии, 6 изложувачи на храна и ресторан со 3 готвачи. Еден од најатрактивните сегменти на саемот е доделувањето на „ Винскиот трофеј на Отворен Балкан“, што ќе се одржи денеска. Ќе бидат прогласени најдобрите вина на фестивалот, а жирито составено од 26 меѓународни вински експерти, меѓу кои и шестмина носители на титулата „Мастер на виното“, ќе оцени речиси 1.000 примероци вино.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:извозотворен балкансаемсвет
Претходен напис Камата од 1,95% за компаниите кои ќе аплицираат за пари од унгарскиот кредит
Следен напис Откупна цена од 420 денари за килограм тутун побара Сојузот на тутунски здруженија
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?