Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Протест на француските земјоделци поради договорот за слободна трговија со Меркосур
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Протест на француските земјоделци поради договорот за слободна трговија со Меркосур
Агровести

Протест на француските земјоделци поради договорот за слободна трговија со Меркосур

Објавено 18/11/2024
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Француските земјоделци денеска протестираат на улиците во знак на осуда на предлогот за договор за слободна трговија со земјите членки на Меркосур, а францускиот претседател Емануел Макрон при посетата на Јужна Америка изјави дека е против предлогот и дека Франција нема да го потпише договорот „во сегашната форма“.

„Му реков на претседателот на Аргентина дека Франција нема да го потпише пристапниот договор за Меркосур како што е сега“, рече Макрон на маргините на посетата на Аргентина, пренесува БФМ ТВ.

Претседателот на Синдикатот на млади земјоделци, Пјерик Орел, рече дека 85 отсто од демонстрантите во моментов се на улица, но посочи дека немаат намера да ги блокираат патиштата, како што тоа беше случај на минатогодишните протести.

Тој додаде дека ќе се постават „пропустливи“ барикади.

Министерот за внатрешни работи Бруно Ретахо ги предупреди земјоделците кои протестираат дека нема да имаат никаква толеранција во случај на „трајна блокада“ на патиштата.

Претседателот на главниот синдикат на земјоделците (FNSEA), Арно Русо, изјави дека денешните протести, кои ги повикаа повеќе професионални синдикати, немаат за цел да ја „блокираат земјата“, туку да ја пренесат пораката до Французите дека земјоделскиот сектор денес е во итна ситуација, „на некои места дури и драматична“.

До вторник се планирани 82 акции низ Франција, најмногу пред седиштето на градските администрации. Изгледите за потпишување трговски договор меѓу ЕУ и земјите од Меркосур го влошуваат незадоволството на француските земјоделци поради странската конкуренција што предизвика криза во секторот на почетокот на оваа година. Притисокот од ЕУ и јужноамериканскиот блок Меркосур да склучи долгорочен трговски договор до крајот на годината предизвика гнев во Франција.

Предлогот за договор за слободна трговија меѓу ЕУ и Меркосур ветува повеќе отворање на европскиот пазар за производи од Јужна Америка, што го вознемирува францускиот земјоделски сектор, јавуваат француските медиуми.

Француските фармери стравуваат дека договорот на Меркосур ќе донесе повеќе говедско месо, пилешко, шеќер и пченка од Бразил и Аргентина, земји за кои тврдат дека користат пестициди на земјоделските култури и антибиотици во сточарството, кои се забранети со закон во Европа.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:протестслободнатрговијафранцуските земјоделци
Претходен напис Водата во Скопје безбедна за пиење
Следен напис Стабилно време со утринска магла до среда, а потоа дожд и ветер
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?