Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Примена на хемиски мерки во овошните насади во фаза на мирување
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Совети > Примена на хемиски мерки во овошните насади во фаза на мирување
Совети

Примена на хемиски мерки во овошните насади во фаза на мирување

Објавено 18/11/2024
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Една од поважните мерки во овошните насади која има за цел подготовка на растението за следната година е фолијарната прихрана на овошките, која се применува сè до почетокот на зимското мирување. Во текот на вегетацијата, поради растот и развојот на плодовите, лисната и дрвенеста маса, се намалува значителна количина на макро и микро елементи во почвата.

Поради тоа, потребно е на растенијата да им се обезбедат достапни макро и микро елементи кои брзо ќе ги усвојат и ќе ги складираат во своите органи за наредната вегетација. Пред опаѓањето на лисјата, овошката ги повлекува сите хранливи материи во своите дрвенести органи и кореновиот систем.

Пред да започне повлекувањето на соковите во растението, потребно е да се направи едно фолијарно ѓубрење. Со ова есенско третирање после берба, се зголемува потенцијалот на растението, а со тоа количината и квалитетот на приносот за следната година. Се препорачува примена на ѓубрива кои содржат азот, фосфор, калиум, цинк и бор.

Пред да започне повлекувањето на соковите во растението, потребно е да се направи едно фолијарно ѓубрење. Со ова есенско третирање после берба, се зголемува потенцијалот на растението, а со тоа количината и квалитетот на приносот за следната година. Се препорачува примена на ѓубрива кои содржат азот, фосфор, калиум, цинк и бор.

Исто така, неопходно е есенско прскање на овошките со бакарни фунгициди. Бакарот влијае за подобро одрвенување на ластарите и го подготвува растението за влез во зимскиот период. Најголема ефикасност ќе се постигне со две третирања наречени уште и ,,есенски” третирања.

Првото третирање најдобро би било да се направи кога ќе опаднат 30-40 % од лисјата, а второто кога ќе паднат 70-80 % од лисјата.

Меѓутоа, во пракса, овоштарите најчесто прават едно есенско третирање и тоа кога ќе падне 6070 % од лисната маса. Ова може да биде економична и добра практика кога лисјата ќе паднат за релативно кратко време, но проблем може да се јави кога периодот на паѓање на лисјата трае подолг временски период и кога есента е топла и со поголеми количини на дожд.

За чувствителните овошни видови периодот од првиот паднат лист до 70 % падната лисна маса е многу долг период без заштита, бидејќи првата рана настаната со паѓањето на листовите претставува влезно место за патогени и бактерии, па затоа во вакви случаеви се препорачува, односно се неопходни две третирања со бакарни препарати.

Дипломиран инж. агроном Зорица Јанкуловска Мицковска

АПРЗ

Може да ви се допадне

Исправноста на опремата за аплицирање на пестициди – темел за здрава и продуктивна производна сезона во земјоделството
Како до успешно производство на компир
Капина – карактеристики и одгледување на сортата Лох Нес
Нега на чапунките кај молзните крави
Што е имотно осигурувањe?
Таг:мирувањеовошните насадиприменахемиски мерки
Претходен напис Минусни утрински температури, најстудено во Берово
Следен напис Ѓубрење кај житарици
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?