Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Игор Ангелов и неговата фамилија обработуваат 200 пластеници со зелка и црвена пиперка: Со добра механизација и многу работа до квалитетен производ
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агросектор > Игор Ангелов и неговата фамилија обработуваат 200 пластеници со зелка и црвена пиперка: Со добра механизација и многу работа до квалитетен производ
АгросекторМеханизација

Игор Ангелов и неговата фамилија обработуваат 200 пластеници со зелка и црвена пиперка: Со добра механизација и многу работа до квалитетен производ

Објавено 11/11/2024
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Игор Ангелов од село Робово, Општина Босилово и неговата фамилија се позитивен пример на наши земјоделски производители на градинарски култури. Обработуваат 200 пластеници со пролетна зелка и црвена пиперка и годишно произведуваат преку 250 тони од двете реколти.

Разговорот со Игор е задоволство затоа што одма се препознава сериозен млад човек кој сака да работи и има резултати. Со скромност типична за вредните луѓе, зборува за земјоделското производство за тоа дека има работа, потребна е посветеност и вложување во сите агротехнички мерки за квалитетен род. Постои само незадоволство поради стихијноста во пласманот оти знае дека може да биде многу подобро, ако добро се организира целокупниот процес од садење до берба.

-Имаме 200 пластеници кои ги работиме заедно со сопругата, брат ми и моите родители. Еве скоро завршивме со бербата на пиперката. Годината не беше како ланската, родот беше со послаб квалитет, а и цената многу варираше. Започна добро, но имаше прекин, падна цената, па потоа повторно се покачи…сезоната не беше најдобра. Како и да е, ги подготвуваме сега пластениците за садење на пролетната зелка на 15 декември, па да се надеваме на добра сезона со зелката, како минатата година – вели Игор за Агротим.

Производството им е механизирано, а речиси целата механизација ја имаат набавено од НАЈК ПРОМ.

-Се’ имаме набавено од НАЈК ПРОМ – три тактори, три приколици и цела механизација што ни потребна за работа. Во денешно време ако немаш добра механизација нема ни профитабилно производство. Веќе 10 години соработуваме со НАЈК ПРОМ, многу сум задоволен од услугата, на се’ добивам и попуст и работат со добри брендови на механизација многу поволни за наши услови. Исто така за се’ имаат резервни делови и брза услуга – вели Игор.

Разговоравме со Игор за можноста која ја нуди Договорно производство . Тоа е најдоброто решение за земјоделците, да нема стресови, како што вели тој, кога треба да се носи родот на откуп. Ние имаме добра соработка со фирмата „Z- Plast“ од село Муртино каде со години ги носиме производите на откуп – вели Игор.

-Што ќе пишува на кантарната белешка треба да се знае уште пред да се сади или сее. Да нема големи осцилации, на пример ќе почне откупот со 40 денари, а ќе заврши со 10 денари. Да има една цена, нека биде средна вредност но постојана во текот на целиот откуп. Така ќе знаеме и да си го планираме производството, колку ќе вложиме и колку заработката да очекуваме. Ниту еден земјоделец не се жали од работа, само од неизвесноста – вели Игор.

Вредни земјоделци, модерна механизација и Договорно производство е формулата за успех.

Може да ви се допадне

Намаз од модар патлиџан и пиперка
Трипуновски: Откупени над 60 милиони килограми пролетна зелка, скоро 9 милиони килограми повеќе во споредба со лани
Проветрување на пластеници – Важна мерка за здрав и квалитетен раст на растенијата
(ВИДЕО) Агро Геа понуда: Сено – собирач/растурач
БАНКИ кои нудат ЗЕМЈОДЕЛСКИ КРЕДИТИ: Услови, камати, контакти…
Таг:зелкамеханизацијапиперкапластеницисемејство
Претходен напис Започна пошумувањето долж сливот на Црн Дрим, проект поврзан со ублажување на климатските промени
Следен напис Времето денеска – Променливо облачно со повремен слаб дожд
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?