Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: МЖСПП: Регионален систем за управување со отпад е единственото трајно решение, апелираме за поддршка и разбирање
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > МЖСПП: Регионален систем за управување со отпад е единственото трајно решение, апелираме за поддршка и разбирање
Агровести

МЖСПП: Регионален систем за управување со отпад е единственото трајно решение, апелираме за поддршка и разбирање

Објавено 07/11/2024
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерството за животна средина и просторно планирање ги повикува жителите на Кочани, кои неколку денови протестираат поради проблемот со депонијата, да имаат разбирање оти државата, како што велат, е длабоко навлезена во процесот на воспоставување на регионален систем за управување со отпадот во Источниот и Североисточниот регион, што треба да резултира со трајно, одржливо и безбедно управување со отпад.

– Самиот процес е комплексен и опфаќа повеќе работни задачи. Досега се набавени возила и опрема за собирање на отпадот за сите општини во двата региона (вкупно 18) во вредност од 8 милиони евра. Во моментов во тек е затворање на нестандардните депонии и ѓубришта во Источниот Регион, се очекува во најбрзо време да започне и во Североисточниот Регион – Прва фаза (околу 8 милиони евра), а претстои изградба на Централна постројка за управување со отпад која се состои од погон за селектирање, постројка МБТ, депонија, постројка за композитор, зелена точка за Источен и Североисточен регион во Св.Николе и шест локални капацитети за управување со отпад – претоварни станици, постројки за компостирање и зелени пунктови за Источниот и Североисточниот регион, известуваат од МЖСПП.

Оттаму посочуваат дека последните две активности се со вкупна вредност од повеќе десетици милиони евра, за што постапката за јавна набавка е објавена и се очекува договорот да биде склучен, по што се очекува во првата половина од 2025 година да започнат градежните работи. Предвидениот рок за завршување на градежните работи е 18 месеци.

Во втора фаза, следува затворање на сите нестандардни депонии во двата региони, по што целокупниот отпад ќе се одлага на Централната депонија во Св. Николе преку трансфер станиците.

– Крајни корисници на проектите се двата региона, општините и јавните комунални претпријатија и за таа цел повикуваме на максимална посветеност на општините од Источниот и Североисточниот регион и на јавните комунални претпријатија во исполнување на обврските кои веќе ги имаат преземено за непречена реализација на проектите, истакнуваат од МЖСПП.

Од министерството нагласуваат дека обврската за управување на општинските нестандардни депонии кои во првата фаза ќе останат отворени (се до изградбата на Централната постројка во Св. Николе) и имаат обврска да го примаат отпадот од веќе исчистените и затворени нестандардни депонии во одреден број општини, останува на општините и јавните комунални претпријатија, а Владата останува посветена да ги помогне со цел воспоставување регионалниот систем според највисоките европски и светски стандарди.

– Во однос на депонијата во Кочани информираме дека таа има обврска да го прима отпадот од општините Виница, Чешиново, Облешево и Зрновци. Свесни за недоволните капацитети за управување со депонијата на Јавното комунално претпријатие што неодамна резултираше со палење на отпадот на кочанската депонија, како Влада излеговме во пресрет и обезбедивме поддршка со механизација за безбедно тековно управување со локацијата во Кочани, велат од МЖСПП.

Според министерството, пожарите кои се случуваа во минатото не зависат од количината на отпадот, туку од несоодветното управување со локацијата.

– Обврската на трите општини (Зрновце, Чешиново и Облешево и Виница) да го носат отпадот на локацијата останува, се до воспоставувањето на регионалната депонија односно трансфер станиците, бидејќи во овие општини исчистени се сите локации за отстранување на отпад и нема да се дозволи отворање на нови загадени жаришта, потенцираат од МЖСПП.

За ресорното министерство, забраната за пристап до локацијата за депонирање не е решение и не оди во прилог на почиста животна средина туку само ја влошува состојбата за која веќе се потрошени неповратни средства.

– Само со продолжување на утврдените активности ќе може да се обезбеди контролирано отстранување на отпадот за сите четири општини и што ќе се применува се до конечно затворање на локацијата во Кочани, сметаат од МЖСПП.

Од министерството во прилог доставуваат фотографии од сите локации во трите општини пред чистењето/затворањето и потоа, како и за локацијата во Кочани каде е прикажана состојбата пред интервенцијата и потоа.

– Владата, преку МЖСПП и Министерството за транспорт останува посветена да го поддржи процесот на управување на депониите кои ќе продолжат да функционираат до изградбата на Централната постројка во Св. Николе, а истовремено ги повикува граѓаните да имаат разбирање и го поддржат процесот со цел зачувување на здравјето на населението и животната средина, подвлекуваат од МЖСПП. 

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:МЖСППОтпадРегионален системтрајно решение
Претходен напис Средба на директорот на АПРЗ со претставници на здружение на пчеларите по повод објавувањето на мерката „Диверзификација на фарми и развој на бизниси“ од ИПАРД Програмата 2021-2027
Следен напис Активности во есен за пченицата
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?