Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: По дрвото и нов вид змија именувана по Леонардо ди Каприо
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > По дрвото и нов вид змија именувана по Леонардо ди Каприо
Магазин

По дрвото и нов вид змија именувана по Леонардо ди Каприо

Објавено 07/11/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Холивудски актер Леонардо ди Каприо е признат по долгата историја на еколошки активизам – а сега има и нов вид на змија именувана во негова чест.

Истражувачите за првпат открија рептил во западните Хималаи во текот на летото 2020 година, пишува „Мајами Хералд“, повикувајќи се на „тековната студија“ објавена на веб-страницата nature.com во втората половина на октомври.

Откако фатиле неколку змии со сребрена боја и десетици заби, научниците ја анализирале нивната ДНК. Тие откриле дека иако змијата има познати карактеристики на другите змии, таа е сосема нов вид – Anguiculus dicaprioi, или хималајската змија на Ди Каприо.
Се смета дека ова се многу мали змии, достигнуваат должина до само 56 сантиметри. Имаат „кратки“ глави, „големи“ ноздри, многу заби и „стрмно заоблена муцка“.

Новиот вид може да се препознае по „бледата“ сива лента, која речиси наликува на „јака“ околу вратот на рептилот.

Змијата го доби името по холивудскиот актер, бидејќи „американскиот актер, филмски продуцент и активист за заштита на животната средина е некој кој е активно вклучен во подигање на свеста за глобалните климатски промени и загубата на биолошката разновидност“, велат истражувачите.

Видот бил пронајден како се „сонча“ на планинските патишта и „не се обидувал да касне“.

Тимот, во кој беа Зеешан Мирза, Вирендер Бхардвај, Саунак Пал, Х. Т. Лалеремсанга, Гернот Фогел, Патрик Кембел и Харшил Пател, изјавија дека хималајските змии на Дикаприо можат да преживеат на надморска височина од околу 1.850 метри.

Според објавените наоди, новиот вид е откриен во Непал и во соседните индиски држави.

Патем, ова не е првиот вид што го носи неговото име. Лео веќе има дрво. Имено, тропско дрво во шумата Ебо во Камерун го доби името по актерот Леонардо ди Каприо, кој водеше кампања за зачувување на оваа тропска шума. Тоа беше во јануари 2020 година.

Фото: Змија, Pixabay

Може да ви се допадне

Volkswagen „вработи“ 100 овци за необична мисија во соларен парк
Домашен сок од вишни
Салата со пилешко
Пиперки полнети со урда
Кох од гриз
Таг:дрвотозмијаЛеонардо ди Каприонов вид
Претходен напис Просечната температура во 2024 година ќе го надмине прагот од 1,5 степени
Следен напис Средба на директорот на АПРЗ со претставници на здружение на пчеларите по повод објавувањето на мерката „Диверзификација на фарми и развој на бизниси“ од ИПАРД Програмата 2021-2027
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?