Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: АФПЗРР: Исплатени субвенции за ОРГАНСКО производство
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > АФПЗРР: Исплатени субвенции за ОРГАНСКО производство
АгровестиСубвенции

АФПЗРР: Исплатени субвенции за ОРГАНСКО производство

Објавено 06/11/2024
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

 

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денес изврши исплата кон 815 лица со вкупен износ 12.361.097,00 денари за мерката Органско производство за 2022 година.

Корисници на оваа мерка се земјоделските стопанства кои пријавиле сертифицирано растително и сточарско производство и производство во преод согласно Законот за органско земјоделско производство или пак имаат земјоделски површини кои се наменети за зелено ѓубрење или угар во плодоред кој е во функција на органското производство.

Корисници на оваа мерка се и земјоделските стопанства/откупувачи и трговци запишани во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи кои имаат произведено преработки од примарни земјоделски органски производи или производи во преод од домашно потекло или имаат извршено доработка и пакување на самоникнати видови со органско потекло и истите ги имаат продадено или пак вршат трговија или извоз на свежи и преработени органски производи и органски производи во преод од домашно потекло.

Висината на дирекните плаќања за преработка на органски производи и органски производи во преод од домашно потекло се во висина од 10% од вредноста на производот со максимален износ до 150.000 денари по оператор.
Висината на дирекните плаќања за трговија или извоз на свежи и преработени органски производи и органски производи во преод од домашно потекло се во висина од 5% од вредноста на производот со максимален износ до 150.000 денари по оператор.

Висината на директните плаќања за стручна контрола и сертификација изнесува 50% од трошоците за добиен сертификат издаден од овластеното акредитирано тело.

Директните плаќања за анализа на својства на почва и производ кај земјоделски стопанства кои имаат извршени агрохемиски , педолошки или анализи на остатоци од пестициди и тешки метали и други материи на почва и во органски производи во 2022 година ги покриваат трошоците за анализите во висина од 70%, но не повеќе од 9.000 денари по земјоделско стопанство.

Корисници на оваа мерка се и земјоделски стопанства кои имаат земјоделски површини кои се наменети за зелено ѓубрење или угар во плодоред кој е во функција на органското производство. Висината на директните плаќања за оваа мерка изнесува 3.500 денари по хектар.


За добивање на финансиската поддршка корисниците имаат обврска да достават договори со овластени акредитирани тела за вршење на стручна контрола во органското производство, фотокопии од сертификат за извршена стручна контрола од страна на овластеното акредитирано тело, финансиски документи за продадени производи на домашен пазар или царинска декларација за извоз, платени фактури за стручна контрола и сертификација како и извештаи од лабаратории за извршените анализи.

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:subvenciiденариземјоделскоорганскостопанство
Претходен напис Приведени рибокрадци во Охрид
Следен напис Исплатени субвенции на 35 корисници – надомест на трошоци за чување и напасување на добитокот на пасиште
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?