Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Потпретседателот на ССК, Ѓорѓиевски се здоби со меѓународна експертиза за oдржливост на системите на храна од Јапонската агенција за меѓународна соработка
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Потпретседателот на ССК, Ѓорѓиевски се здоби со меѓународна експертиза за oдржливост на системите на храна од Јапонската агенција за меѓународна соработка
Агровести

Потпретседателот на ССК, Ѓорѓиевски се здоби со меѓународна експертиза за oдржливост на системите на храна од Јапонската агенција за меѓународна соработка

Објавено 27/10/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Потпретседателот на Сојузот на стопански комори и претседател на Aгро-бизнис комората при Сојузот, Горан Ѓоргиевски, успешно го заврши студискиот престој во Токио, Јапонија, каде на покана на Јапонската агенција за меѓународна соработка (JICA), учествуваше на студиската програма „Стратегии за одржлив систем на храна за развој на локалната индустрија“. Станува збор за престижен настан на кој учествуваат одбрани претставници од целиот свет, што е вредна можност за нашата земја за размена на знаења и искуства.

Студиската програма опфати суштински области како одржливо земјоделство, зелена инфраструктура, социјално претприемништво, системско размислување, одржлив маркетинг, како и специјализирани области, како одржливо производство на млеко и управување со проекти. Низ оваа екстензивна програма потпретседателот Георгиевски се стекна со вредно знаење како можат овие стратегии да се спроведат кај нас во пракса за креирање на поотпорен и одржлив систем.

Овој престижен програм дава практични и напредни практики коишто можат да ја зајакнат македонската прехрамбена индустрија, но исто така да придонесат кон долгорочна одржливост и иновација. Значењето и искуството донесено од Јапонија светски економски и технолошки лидер, се од големо значење за нашата земја, согласно нашите напори за градење на позелена и одржлива економија.

„Ми беше чест да бидам дел од избрана група на професионалци од целиот свет и имав можност да се запознаам со најновите технолошки достигнувања, стратегии и техники во областа на одржливото земјоделство и производство на храна. Додека се уште се соочуваме со последиците од најголемата инфлациска криза во изминатите педесет години, на светот му стана јасно дека стратегиите за одржливост во производството на храна се суштински за да се стабилизираат производствените трошоци, за да се осигура потребното количество и за градење на поотпорни локални индустрии кои се помалку зависни од движењата на меѓународните пазари“, посочува Ѓоргиевски и истакнува дека ќе ги пренесе искуствата донесени од Јапонија кон градењето на поотпорен систем во земјава.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:агробизнис комораГоранЈапонијастудии
Претходен напис На прагот на откуп на тутунот: Побарувачката поголема од понудената производствена реколта
Следен напис Земјоделците ги сакаат СОЛИС тракторите, во дворот на „Хемометал“ нови задоволни производители
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?