Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Објавен ЈАВЕН ПОВИК за комбајни за ориз и мобилни сушари: До 600.000 денари неповратен грант
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Механизација > Објавен ЈАВЕН ПОВИК за комбајни за ориз и мобилни сушари: До 600.000 денари неповратен грант
МеханизацијаФондови

Објавен ЈАВЕН ПОВИК за комбајни за ориз и мобилни сушари: До 600.000 денари неповратен грант

Објавено 25/10/2024
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР) денес објави нов јавен повик за доделување на финансиска поддршка за набавка на специјални комбајни за жнеење на ориз со сецкалици и/или мобилни сушари за ориз.

Крајниот рок за доставување на барањата е 14.11.2024 година.

КОЈ МОЖЕ ДА АПЛИЦИРА

За финансиска поддршка преку мерка 121 може да аплицираат земјоделски стопанства регистрирани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства (ЕРЗС) во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ).

Физички лица:

  • Индивидуален земјоделец – носител на земјоделско стопанство вршител на земјоделска дејност согласно Закон за вршење на земјоделска дејност
  • Индивидуален земјоделец – носител на земјоделско стопанство кој се стекнал со статус на осигуреник согласно Закон за пензиско и инвалидско осигурување
  • Индивидуален земјоделец – носител на земјоделско стопнаство кој се занимава со земјоделство како дополнителна дејност
  • Трговец поединец – регистриран согласно Закон за трговски друштва

Правни лица:

  • Трговски друштва – регистрирани согласно Закон за трговски друштва

Секој барател мора да има минимум производствен капацитет од најмалку 1 ха површина под ориз запишан во ЕРЗС.

Барателите треба да го ажурираат статусот и податоците на земјоделското стопанство во ЕРЗС преку Подрачната единица (ПЕ) на МЗШВ.

ВИСИНА НА ГРАНТ

Финансиската поддршка се исплаќа во вид на ко-финансиран грант во висина од 50% од вредноста на одобрените прифатливи трошоци, во максимален износ до 600.000 денари.

Висината на ко-финансирање се зголемува до:

  • 55% за инвестиции поднесени од млад земјоделец, носител на земјоделско стопанство на возраст од 18 до 40 години на денот на поднесување на барањето
  • 60% за инвестиции во земјоделско стопанство кое се наоѓа во подрачје со ограничени можности
  • 65% за инвестиции поднесени од млад земјоделец, носител на земјоделско стопанство кое се наоѓа во подрачје со ограничени можности
  • 75% за инвестиции во недостапни рурални заедници

ПОСТАПКА ЗА ИЗБОР НА КОРИСНИЦИ

Изборот на корисници се врши со проверка на исполнување на условите за користење на средства за инвестиции предвидени со мерката 121.

ПоказателБодови
Доколку вкупната вредност на инвестицијата не надминува 1.500.000 денари15
Доколку вкупната вредност на инвестицијата е помеѓу 1.500.001 и 3.000.000 денари10
Доколку вкупната вредност на инвестицијата е помеѓу 3.000.001 и 6.000.000 денари5
Доколку носителот на земјоделското стопанство, односно едно од одговорните лица на правното лице е на возраст од 18 до 40 години на денот на поднесување на барањето,

или

Доколку носителот на земјоделското стопанство односно едно од одговорните лица на правното лице е жена
Доколку носителот на земјоделското стопанство е индивидуален земјоделец кој е регистриран согласно Закон за вршење земјоделска дејност, односно Законот за пензиско и инвалидско осигурување, или е правно лице регистрирано за вршење на примарна земјоделска дејност50
Доколку инвестицијата е наменета за обработка на површини за житни и индустриски култури до 10 ха и над 10 ха100
Доколку инвестицијата е наменета за обработка на површини за житни и индустриски култури помалку од 10 ха70

За да биде прифатлив, корисникот на поддршка треба да добие најмалку 51 бод.

Барањата со ист број на бодови ќе се рангираат според датумот и времето на поднесување на електронското барање (принцип „прв дојден прв услужен“).

За повеќе информации и подготовка на барања јавете се на телефонскиот број
📞 071 285 385
или испратете e-mail на [email protected]

Може да ви се допадне

Јавен повик 1/2026 за доделување на користење на рибите и другите водни организми од рекреативната зона „Брегалница-Штипска“
Општина Градско распиша јавен повик за пријавување на штети од мраз во земјоделството
РЦФ со 500 илјади евра грант поддржува проект за паметна обука во преработката на производи од млеко и месо
(ВИДЕО) Агро Геа понуда: Сено – собирач/растурач
Јавен повик за прибирање понуди за градежни работи за логистичко-дистрибутивниот центар во Гази Баба, Скопје
Таг:АФПЗРРгрантиндивидуален земјоделецјавен повиккомбајниМерка 121ориз
Претходен напис Трипуновски: 100% посветено работиме земјоделските производи да бидат препознатливи надвор од границите и да го намалиме увозот на храна во Македонија, така ќе ги заштитиме и земјоделците
Следен напис Студено и ведро утро, преку ден сончево со мала локална облачност
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?