Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Правила и совети за чување егзотично еже дома
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Правила и совети за чување егзотично еже дома
Магазин

Правила и совети за чување егзотично еже дома

Објавено 24/10/2024
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

 Домашните ежиња се популарни егзотични миленичиња… Сепак, постојат неколку важни правила и совети за оние љубители на животни кои решиле да чуваат еже.

Белиот африкански еж е меѓу најчестите видови избрани како милениче. Тие се ноќни животни, па дење – најмногу спијат. Спаѓа во сештојади – се храни со растенија, овошје и инсекти. Во споредба со кучињата и мачките, на пр., просечниот животен век на овие ежиња е 4 – 7 години. Во природата, ова еже живее само, или пак, останува со родителот.

Кога станува збор за нивната удобност дома – сопствениците треба да им обезбедат голем кафез или кутија во облик на аквариум со мазни под и ѕидови. Подот на кафезот треба да биде мек – може да биде од иверка, т.е. дрвени плочи од иглолисни или листопадни дрвја. 

Треба да се внимава и на самата природа на егзотичното еже. Пред сѐ, нему му треба поширок простор како живеалиште, а ако го нема кога ќе ја достигне својата сексуална зрелост, животното може да стане агресивно кон луѓето. За да се чувствува поудобно, на ежето му треба и место за криење, на пр. помала кутија – од поливинил-хлорид (ПВЦ) или дрвена, или некакво тенџере или платнена торбичка, а има и готови мали куќички за глодари.

Најсоодветната температура за чување на овој вид милениче е меѓу 23 и 32 Целзиусови степени. Иако избегнуваат дневна светлина, важно е барем еднаш во денот ежето да се изнесе вон кафезот на мека светлина – по можност меѓу 10 и 14 часот.

Овие животни се хранат со 30 до 50 отсто протеини и 10 до 20 отсто масти. На пазарот е достапна и специјално произведена храна за ежови. Сепак, важно е ежето да не го јаде она што е наменето за порови, пишува бугарскиот портал „24 часа“.

Свежата вода треба да биде достапна за ова животно во секое време од денот. Повеќето ежови можат да научат да пијат од шише, но најчесто им треба чинија за вода.

Јаткастите плодови, семки и крупната тврда храна, како што е сировиот морков – може да му се заглават во устата на ежето, и тоа треба да се избегнува. Од овошје, се препорачува банана, грозје, јаболко, круша, бобинки. Во однос на зеленчукот, пак, се препорачува сѐ – но, сварено пред хранењето.

Ежето јаде и црви, штурци и скакулци. Пожелно е сопственикот „да ги скрие“ претходно убиените инсекти во постелата на ежето, за да се поттикне и негува природниот нагон за потрага по храна кај малиот грабливец.  

МИА

Може да ви се допадне

Рижото со печурки
Овошен компот
Чоколаден колач со вишни
Пита со сирење, шунка и шери домати
Домати полнети со зеленчук и кускус
Таг:егзотично ежеправиласоветичување
Претходен напис Министерот Трипуновски потпиша договор со ФЗНХ за користење на финансиска поддршка во износ од 12.000.000 денари
Следен напис Поради зголемен прилив на ДДВ-04 пријави, системот Е-даноци работи забавено 
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?