Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Затворена скопската Зоолошка градина
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Затворена скопската Зоолошка градина
Агровести

Затворена скопската Зоолошка градина

Објавено 19/10/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Зоолошката градина во Скопје денеска е затворена, а како што се наведува во нивното известување залепено на самиот влез, причина се техничко оперативните работи. Сепак, во текот на денот дел од медиумите и на социјалните мрежи беше објавено дека скопската Зоолошка градина не работи поради сомнежи за бактерија или вирус кај птиците.

– Почитувани посетители, ве известуваме дека поради техничко оперативните работи, на ден 19.10.2024 година, сабота, Зоолошката градина за посетители нема да биде отворена. Ви благодариме за разбирањето, стои во известувањето на Зоолошката.

Од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) за МИА потврдуваат дека во Зоолошката градина се нивни инспектори, но и дека исто така таму се изведуваат технички зафати. Засега не се соопштува која е причината за присуството на инспекторите во Зоолошката градина. 

АХВ најавува дека во текот на денот ќе ја информираат јавноста преку соопштение. 

Директорката на Институтот за јавно здравје Марија Андонова за МИА вели дека до попладнево не добиле известување од Агенцијата за храна и ветеринарство дека има потреба нивни екипи да излезат на терен и да направат епидемиолошки анкети со вработените во Зоолошката градина. Тоа може да се случи само доколку болеста или, како што се прошири во јавноста, „птичјиот грип“ се пренесува на луѓе. – Ние сме подготвени доколку е потребно веднаш да излеземе на терен, вели Андонова.

Поранешниот директор на Зоолошката градина Ѓорѓи Галетановски на својот профил на Фејсбук претпладнево напиша дека смртонесен вирус „птичји грип“ е најден во Зоолошката градина во Скопје. 

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:ахвдиректорзоолошкаПтичји грип
Претходен напис (ВИДЕО) Трипуновски: Нови Подрачни единици во Новаци и Могила, министерството се’ поблиску до земјоделците
Следен напис АХВ потврди дека во Зоолошката градина во Скопје имало почината гуска од Птичји грип
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?