Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Здружението ,,Меден Даб” го прогласи 18 октомври за Ден на малешевскиот мед
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Здружението ,,Меден Даб” го прогласи 18 октомври за Ден на малешевскиот мед
Агровести

Здружението ,,Меден Даб” го прогласи 18 октомври за Ден на малешевскиот мед

Објавено 17/10/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

 Здружението на пчелари од Малешевијата ,,Меден Даб” од Берово донесе одлука 18 октомври да се прогласи за Ден на малешевскиот мед. Одлуката е донесена на иницијатива од членовите на Управниот одбор, а по тој повод во денешното соопштение до јавноста беше истакнато дека Малешевијата е регион во кој пчеларството има долга традиција, а медот е со особено добар квалитет и различен од останатите медови. 

-Медот на пчеларите од регионот постојано се рангира на високи позиции со претежно највисок број на бодови на различни натпревари, во и надвор од државата. Тоа е една од причините поради која покренавме  иницијатива да одбележиме ден на малешевскиот мед кој секоја година ќе се одбележува на различни начини. Друга причина е што иако сме медена земја медот е многу малку застапен во нашите домаќинства, истакнаа од ЗПМ ,,Меден Даб”.

Целта на донесувањето на оваа одлука, како што е додава во нивното соопштение, е преку презентација колку е медот хранлив и добар за здравјето, да се поттикнат жителите да консумираат повеќе мед.

-Овој настан го нарековме „Меден појадок“  бидејќи медот е намирница која често се користела како појадок а денес е заменета со разни помалку здрави намирници, велат од здружението „Меден Даб“.

Целта  на овој настан е децата да го вкусат медот кој се произведува во нашиот регион и да научат дека Малешевијата е богата со здрава и квалитетна храна.  Исто така да ги запознаеме со важноста на пчелите за биодиверзитетот и можноста за развој на економијата на локалната заедница, додадоа од ,,Меден Даб”.

Пчеларството, според пчеларите од Малешевијата, е интересна земјоделска гранка кој нуди многу можности за добар приход. 

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:18 октомвриДен на малешевскиот медЗдружениетоМеден Даб
Претходен напис Намален прометот во индустријата
Следен напис Променливо облачно со сончеви периоди
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?