Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Деловните субјекти оствариле 2 078 605 милиони денари промет и додадена вредност од 445 041 милион денари
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Деловните субјекти оствариле 2 078 605 милиони денари промет и додадена вредност од 445 041 милион денари
Агровести

Деловните субјекти оствариле 2 078 605 милиони денари промет и додадена вредност од 445 041 милион денари

Објавено 15/10/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Вкупно 68 004 пазарноориентирани деловни субјекти активни во областа на индустријата, градежништвото, трговијата и останатите услужни дејности оствариле 2 078 605 милиони денари промет и додадена вредност од 445 041 милион денари. За ангажираните 433 008 вработени лица, издвоени биле 229 053 милиони денари. 

Според Државниот завод за статистика, најголем промет е реализиран од секторот Трговија на големо и на мало со 39,1 отсто, а по него следат Преработувачка индустрија со 25,7, Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација со 9,1, Градежништво со 6,3 и Транспорт и складирање со 5,1 процент.

Секторот на преработувачката индустрија има најголемо учество во вкупната додадена вредност со 25,9 отсто, следен од секторот Трговија на големо и на мало со 20,8. Значително учество имаат секторот Информации и комуникации, кој создава 9,1 отсто и Градежништво, кој создава 8,6 отсто од вкупната додадена вредност.

Во однос на големината на претпријатијата, доминираат микропретпријатијата со помалку од 10 вработени (91,5 отсто), најголемиот дел од нив се од областа на трговијата. Со ангажирани 33,4 проценти од вкупно вработените, тие создале 22,5 отсто од вкупната додадена вредност.

-Големите претпријатија со учество од само 0,2 отсто и со ангажирани 26,7 отсто од вработените, создаваат 32,4 отсто од вкупната додадена вредност во рамките на деловниот сектор и тоа, главно, во секторот Преработувачка индустрија (13.3 %). Сепак, најголем е потенцијалот на малите и на средните претпријатија со 10 до 249 вработени, кои ангажираа 39,9 отсто од вработените и создадоа 45,1 отсто од вкупната додадена вредност во деловниот сектор, наведува Државниот завод за статистика. 

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:445 041 милион денариДеловните субјектипромет
Претходен напис Јабланица: Штетите од поплавите и одроните се проценуваат на околу 25 милиони евра
Следен напис (ВИДЕО) Одржан натпреварот за најголема тиква во САД
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?