Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Агротим ПОНУДА: Организација и промоција на Договорно производство за откуп на земјоделски култури
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО > Агротим ПОНУДА: Организација и промоција на Договорно производство за откуп на земјоделски култури
ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО

Агротим ПОНУДА: Организација и промоција на Договорно производство за откуп на земјоделски култури

Објавено 12/10/2024
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Неорганизираното производство и пласман на земјоделските производи е сериозен проблем на земјоделците и главна причина за нивното незадоволство од оваа дејност.

Но во последно време сведоци сме дека ова стихијно производство сериозно ја нарушува и бизнис климата на преработувачите и трговците. Непланското производство се покажува како погубно за двете страни и алармантно ја наметнува потребата од Договорно производство како најдобро решение за двете засегнати страни.

Затоа АГРОТИМ во своето портфолио нуди организирање и промоција на Договорно производство на одреден производ за кој ќе се појави интерес од страна на откупувачите, преработувачите или трговците.

На овој начин ќе создадеме систем во кој сите чинители ќе имаат свои обврски и активности, а заеднички ќе биде успехот од оваа тимска работа.

Наша обврска во овој процес е:

  1. Промоција на Договорното производство на платформата Агротим.мк преку комерцијални објави, пи ар текстови, видеа и претставување на компанијата која се јавува како откупувач
  2. Теренски активности преку организирање на средби со земјоделци каде ќе се промовира договорното производство и ќе се создаде кластер од производители кои ќе добиваат едукативни и стручни совети за начинот на производството, особено ако културата е нова или специфична.
  3. Видео репортажи од целокупниот процес, односно видео запис од спроведување на сите агротехнички мерки од сеидба, садење до берба на производот.
  4. Откуп на производот.
  5. Репортажи од земјоделци – учесници во проектот Договорно производство за нивното искуство и постигнатите резултати.

Целта на проектот е да се ангажираат земјоделци кои ќе потпишат договор со откупувачот со загарантирана откупна цена на производот, навреме платен но ќе мора да испорачаат род согласно договорот за квалитет и количество. Овие договори секако се надвор од ингеренциите на Агротим, тие ќе бидат меѓу производителите и откупувачите но придржувањето кон условите на договорот ќе биде надгледуван од страна на Агротим.

Целокупниот процес ќе има видливост и ќе се следи почитување на договорите од двете страни, а успешната реализиција ќе биде мотив за зголемување на површините следната сезона како и регрутирање на нови земјоделски производители кои ќе сакаат да бидат дел од еден ваков организиран систем.

Преку Агротим имаме доста позитивни примери на организирање или промоција на Договорно производство и тоа за сончоглед, пченка, органска пиперка, корнишони, бессемена лубеница, афион за преработувачка индустрија и други земјоделски производи.

Телефон за контакт 071 225 345

Ве очекуваме!

Може да ви се допадне

Нов агроцентар во Гази Баба вреден над 50 милиони евра – нова надеж за македонските земјоделци!
Организирани банди крадат добиток во Германија: Фармите остануваат без цели стада
Трипуновски на камен темелник на свињарска фарма
Иротова – Лазарева: Државата ќе врши набавка и ќе им ги доделува механизацијата и тракторите на земјоделците
Турција дава 100 грла ситен добиток и месечна поддршка за малите земјоделци
Таг:агротимдоговорно производствоземјоделциорганизирањеоткупна ценапонуда
Претходен напис Менде Трајковски: Ќе се брендираат Мариовски, Пелистерски и Струмички мед
Следен напис Сончево со мала до умерена локална облачност
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?