Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: До 600.000 евра грант од ИПАРД за опремување на соби, апартмани, хотели, ресторани: Сите информации на едно место
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Фондови > До 600.000 евра грант од ИПАРД за опремување на соби, апартмани, хотели, ресторани: Сите информации на едно место
Фондови

До 600.000 евра грант од ИПАРД за опремување на соби, апартмани, хотели, ресторани: Сите информации на едно место

Спонзорирана содржина
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image
Спонзорирана содржина

На 01.10.2024 год. Платежна агенција (АФПЗРР) официјално го најави новиот повик за популарната Мерка 7 од ИПАРД III програмата, најпозната по инвестициите во развој на руралниот туризам. Ова значи дека подготвителниот период за апликации е веќе во тек, а јавниот повик за Мерка 7 ќе биде објавен наскоро и ќе трае 45 дена.

ЦЕЛИ

Клучна цел на приоритетниот сектор „Рурален туризам“ е поддршка на развојот на руралниот туризам преку инвестиции во развој на објекти за рурален туризам, создавање и модернизација на сместувачки капацитети и угостителски објекти, креирање на рановидни рекреативни услуги во руралните средини, развивање на активности што се поврзани со обичаите, занаетчиството и типичните видови храна.

КОЈ МОЖЕ ДА АПЛИЦИРА

На јавниот повик може да аплицираат физички и правни лица кои ги исполнуваат критериумите за подобност.

  1. Физички лица
    • Со или без регистрирана дејност
  2. Правни лица
    • Микро и мали претпријатија
    • Најмногу 50 вработени
    • Годишен приход најмногу до 10 милиони евра
  3. Задруги
  4. Здружени правни лица

ВИСИНА НА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА

Поддршката преку оваа мерка е во форма на неповратен грант кој покрива 60% од прифатливите трошоци во рамки на инвестицијата.

Максималната финансиска поддршка што може да се додели на поединечен проект изнесува до 600.000 евра.

Минималниот износ на вкупни прифатливи трошоци изнесува 10.000 евра. Проектни апликации со вкупен буџет помал од 10.000 евра нема да се разгледуваат.

ВИДОВИ НА ПРИФАТЛИВИ ИНВЕСТИЦИИ

Со ИПАРД можете да инвестирате во целосно опремување на објекти за рурален туризам, изградба на нови објекти и/или реконструкција и адаптација на постојни објекти.

Прифатливи се инвестициите во:

  • Туристичко сместување во внатрешен простор (соби, апартмани, ноќевање и појадок, само-угостителски колиби)
  • Туристичко сместување на отворено (кампови, бунгалови, камп-приколки)
  • Угостителска дејност (готвење и служење на храна)
  • Комбинирани услуги – сместување и угостителски услуги
  • Обезбедување на простории за дегустација, продажба и директен маркетинг на производите
  • Рурални музеи (згради и изложбени предмети за разгледување на историски, природни, традиционални, образовни, земјоделски и други добра од руралните средини, како и ботанички и зоолошки градини)
  • Обезбедување на простории за семинари и обуки, едукативни фарми
  • Обезбедување на рекреативни активности за туристите

ПРИФАТЛИВИ ТРОШОЦИ

Во рамки на предлог-проектите може да се аплицира за неповратни 60% од вкупните трошоци за:

  • Набавка на нова опрема за сместувачки капацитети (мебел, апарати и друга опрема за санитарен дел, административен дел, заеднички простории итн.)
  • Набавка на нова опрема за угостителство и кујнска опрема, вклучувајќи кујнски и угостителски прибор
  • Опремување на рекреативни и спортски објекти (отворени и затворени)
  • Набавка на опрема и машини за уредување на дворови, декорација на градини, патеки, фонтани, надворешно осветлување, надворешни скари, затворени градини, летниковци, видиковци, маси и седишта за пикник итн.
  • Набавка и поставување на фотоволтаици за сопствени потреби
  • Компјутерска опрема и софтвер

Покрај опрема и машини, може да се инвестира и во изградба на нови или реконструкција/реновирање на постоечки објекти кои ќе се користат како сместувачки капацитети или угостителски објекти, и тоа:

  • Набавка на градежни материјали и елементи за издрадба на нови објекти или реконструкција и адаптација на постоечки објекти (згради и инфраструктура за целосно функционален капацитет)
  • Обезбедување на пристап, уредување и оградување
  • Сите потребни работни операции и услуги (уривање, подготовка на терен, градежни работи, реконструкција, занаетчиски активности, транспорт и монтажа, инсталациски работи, подготовка на земјиште и пристапни патишта, садење и расадување)

ПРИФАТЛИВИ ЛОКАЦИИ

Основен предуслов за аплицирање е локацијата на која е планирано да се реализира инвестицијата да се наоѓа во рурална средина, односно населено место со помалку од 30.000 жители. Живеалиштето на физичкото лице или седиштето на правното лице кое аплицира може да биде и во друго населено место, важна е локацијата на инвестицијата.

Прифатливи локации се селата во Македонија, но и градовите: Берово, Богданци, Валандово, Виница, Гевгелија, Дебар, Делчево, Демир Капија, Демир Хисар, Кавадарци, Кичево, Кочани, Кратово, Крива Паланка, Крушево, Македонска Каменица, Македонски Брод, Неготино, Пехчево, Пробиштип, Радовиш, Ресен, Свети Николе и Струга.

Погледнете ја целосната официјална листа на сите 1774 прифатливи локации на овој линк.

За повеќе информации и целосна подготовка на апликации за грантови јавете се на телефонскиот број
📞 071 285 385
или испратете e-mail на [email protected]

Може да ви се допадне

Јавен повик 1/2026 за доделување на користење на рибите и другите водни организми од рекреативната зона „Брегалница-Штипска“
Општина Градско распиша јавен повик за пријавување на штети од мраз во земјоделството
Нови јавни повици за ИПАРД се очекуваат во четвртиот квартал од 2026 година
Седми состанок на Комитет за следење на ИПАРД Програмата 2021-2027
РЦФ со 500 илјади евра грант поддржува проект за паметна обука во преработката на производи од млеко и месо
Таг:грантИПАРДјавен повикМерка 7рурален туризам
Претходен напис Носијата за млада невеста од Струшко првонаградена на фестивал во Нови Сад
Следен напис ОН: 2023 година беше најсушна за реките во последните три децении
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?