Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Во Струмица се одржа Агро саем, прогласени најдобрите жени фармери
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Во Струмица се одржа Агро саем, прогласени најдобрите жени фармери
Агровести

Во Струмица се одржа Агро саем, прогласени најдобрите жени фармери

Објавено 05/10/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Владанка Ристиќ од село Тимјаник, Неготино, Валентина Дукова, од Градско, Велес, Марија Стојанова од село Балдовци, Струмица и Весна Јаневска од Росоман, Кавадарци се прогласени за најдобри жени фармери на четвртото издание на манифестацијата „Агро саем Струмица 2024“ што се одржа денеска на плоштадот „Гоце Делчев“ во Струмица, на кој беа изложени голем број земјоделски производи и земјоделска механизација.

Саемот го организираше здружението „Проагро фармери“ од Струмица и според претседателот Борче Јанев, целта на оваа манифестацијата е поддршка на домашното земјоделско производство,да се подигне свеста за домашно произведената храна и да се купуваат македонски производи.

-Ова не е само саем, туку е и вистински фестивал на вкусовите и традициите кадешто ќе ја почитуваме домашната храна и ќе ја поддржиме локалната економија. Како домаќини на четвртиот Агро саем во Струмица чест и задоволство е да се запознаеме со стотина локални производители, да ги слушнеме нивните приказни, да ја вкусиме нивната храна и да се исполниме со прекрасните вкусови, рече Јанев.

Манифестацијата за отворена ја прогласи градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.

-Вистински празник за очи и душа се изложените производи, од струмичките „чушки и френки“, ајварот и лутеницата, преку виното и ракијата, медот и маџунот, јаболковиот оцет, разните видови сирења, па се до слатко од разни овошја и природни сокови. Ете тоа е нашето богатство кое треба да го чуваме, негуваме и надградуваме. Ете тоа се плодовите од нашиот аграр кои успеваат под врелото македонско сонце, кои растат по плодните почви од нашите ниви. Ете тоа поминува низ вредните раце на производителите, благословени од Бога. Нека биде така и понатаму. Не смееме да дозволиме, земјоделството и другите производни гранки да бидат во залез, истакна Костадинов.

На саемот беа прогласени и најдобрите производители на мед и беше избран најдобар штанд.

Манифестацијата се одржа со финансиски помош од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Општина Струмица.

МИА

Може да ви се допадне

Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Балканот под удар на невреме: град, поплави и ветер што веќе не личи на обична летна бура
Таг:Агро саемнајдобрите жениструмицафармери
Претходен напис Договорно производство на СИН МАК за прехрамбената индустрија: Целосно механизирано, гарантирана цена и пласман
Следен напис Трговците вадат нови производи, сакаат да ја „прескокнат“ Одлуката за маржите, ДПИ најавува строги казни
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?