Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ЦУК: Во последното деноноќие, 16 пожари на отворено
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > ЦУК: Во последното деноноќие, 16 пожари на отворено
Агровести

ЦУК: Во последното деноноќие, 16 пожари на отворено

Објавено 03/10/2024
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во Центарот за управување со кризи (ЦУК) според последниот извештај имало вкупно 1 656 повици на 112 во последното деноноќие и 16 пожари на отворено. Се уште е активен пожарот во зградата во скопската општина Чаир. 

Како што информира ЦУК, од 1 656 повици „реални“ биле 58,76 отсто, а 41,24 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни.

– Кон Полиција биле упатени 60,65 отсто, кон Итната медицинска помош 27,21 отсто, а кон пожарникарите 9,18 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК,  се вели во соопштението.

Во последното деноноќие имало регистрирано 16 пожари на отворено на територија на државата, при што гореле стрништа, депонии, ѓубришта, одпад, гуми, сува трева, нискостеблеста вегетација и шума. Сите пожари, како што се наведува, се изгаснати, а паралелно пожарникарите гаснеле пожари во населени места, села и градови.

Скопските пожарникари во текот на изминатото деноноќие гаснеле повеќе пожари на отворен простор. Вчера, од 14:10 до 16:10 часот, двајва пожарникари со едно возило интервенирале на запалено стрниште и шума на површина од 20.000 метри квадратни во село Кучково,  Општина Ѓорче Петров. 

Тројца пожарникари од Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје вчера, од 15:10 до 18:10 часот, со едно возило интервенирале на запалена депонија на површина од 10.000 метри квадратни во село Долно Количани, Општина Студеничани.

Во периодот од 17:10 до 18:15 часот, двајца пожарникара со едно возило гаснеле запалена депонија на површина од 500 метри квадратни во село Јурумлери, во Општина Газа Баба. 

Синоќа од 19:30 до 20:20 часот, двајца пожарникари со едно возило интервенирале на запалено ѓубре на површина од 300 метри квадратни во село Орешани, Општина Зелениково.

Скопските пожарникари синоќа, oд 19:30 до 21:00 часот, гаснеле запалено ѓубре на површина од 500 метри квадратни во село Брњарци, Општина Гази Баба. 

Во текот на вчерашниот ден, од 9:50 до 20:40 часот, тројца пожарникари со едно возило интервенирале на запалено ѓубре на површина од 50 метри квадратни покрај улица „Скупи“ во Општина Карпош.

Синоќа, од 19:57 до 21:00 часот, двајца пожарникара со едно возило интервенирале на запалено ѓубре на површина од 20 метри квадратни покрај улица „Александар Урдаревски“ во населба Мирковци, Општина Чучер Сандево, а oд 21:15 до 22:15 часот, тројца пожарникари интервенирале на запалена нива на површина од 2 000 метри квадратни покрај улица „Методија Андонов Ченто“ во Општина Гази Баба.

ТППЕ Гевгелија вчера, од 14:10 до 16:30 часот, со две возила и четворица пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација, капини и меѓи на површина од 1 хектар во атарот на село Моин. Вчера, од 16:40 до 17:30 часот, двајца пожарникари со едно возило гаснеле запалена ниска вегетација, капини и меѓи на површина од 1 хектар во атарот на село Прдејци.

ТППЕ Струмица информира дека вчера, од 15:48 до 17:00 часот, пет пожарникари со две возила интервенирале на запалена ниска вегетација, оранжерии и пластична амбалажа за расад кај расадникот на ЈП „Национални шуми“, подружница „Беласица“ – Струмица, кај село Просениково.

ТППЕ Кавадарци синоќа од 19:50 до 22:15 часот, четворица пожарникари со едно возило интервенирале на запалена бандера и ниска вегетација околу бандерата во село Паликура, Општина Расоман.

ТППЕ Куманово вчера, од 15:00 до 16:00 часот, гаснела запалена ниска вегетација во атарот на село Романовце, а ТППЕ Старо Нагоричане вчера, од 11:10 до 12:00 часот, гаснеле запалена ниска вегетација и смрека во атарот на село Враготурце.

Четворица пожаникари од ТППЕ Крива Паланка вчера, 15:30 до 17:00 часот, заедно со вработени од ЈП „ Национални шуми“, подружница Осогово гаснеле запалена дабова шума, ниска вегетција и грмушки на површина од четири хектари во атарот на село Длабочица.

ТППЕ Тетово вчера, од 17:00 до 18:00 часот, интервенирала на запалена ниска вегетација и шума кај месноста Бањиче. 

МИА

Може да ви се допадне

Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Славески: Народната банка треба да добие механизми за ограничување на банкарските надоместоци
Бјорн Наумовски Вискиус за МИА: Овдешната бирократија е вистински шок за Швеѓаните, но и тие можат многу да научат од овде за топлината и прилагодливоста во тешкотиите
Таг:16 пожариденоноќиецук
Претходен напис Утрово најстудено во Берово
Следен напис Денови на мед во Куманово, надлежните од МЗШВ најавија поддршка за манифестациите кои промовираат македонски производи
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?