Болестите се голем проблем во посевите со компири, а за заштита најчесто се користат хемиски средства. Руски научници развиле нетоксичен фунгицид кој помага ефикасно да се заштити овој популарен зеленчук од болести и да се зголеми нивниот принос, пишува РИА.
Поефикасна заштита на посевите
Фунгицидите што се користат многу често се токсични за животните и за луѓето, односно за целата оживотна средина и за биолошката разновидност. Дополнителен проблем е што патогените се прилагодуваат и стануваат отпорни на нивното дејство.
Руското Министерство за наука и високо образование објави дека вработените во Научниот центар Краснојарск на сибирската филијала на Руската академија на науките и Сибирскиот федерален универзитет развиле нов фунгицид кој е вграден во биоразградлива матрица.
Го зголемува приносот и ја намалува содржината на нитрати
Предноста на овој агенс е што контролирано ослободува активна супстанција во почвата и ја дозира континуирано. Тоа овозможува да се избегнат повеќе третмани со растенија во текот на вегетацијата. Дополнително дејство е тоа што го зголемува приносот за повеќе од 70 проценти, а ја намалува содржината на нитрати во клубените за 12 проценти.
Проучувањето на новиот фунгицид е спроведено во лабораторија и на посевите кога се применувал при садење. Се покажал како ефикасен, бидејќи го спречувал развојот на најштетните болести. Било забележано дека ртењето се случило порано и растенијата имале поинтензивен раст.
