Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ЦУК: Вкупно 1 727 повици на 112, осум пожари на отворено
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > ЦУК: Вкупно 1 727 повици на 112, осум пожари на отворено
Агровести

ЦУК: Вкупно 1 727 повици на 112, осум пожари на отворено

Објавено 02/10/2024
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во Центарот за управување со кризи (ЦУК) според последниот извештај имало вкупно 1 727 повици на  Единствениот број за итни случаи 112.

– Од нив „реални“ повици биле 54,49 отсто, а 45,51 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 66,08 отсто, кон Итната медицинска помош 27,97 отсто, а кон пожарникарите 2,46 отсто од реалните повици кон 112, се вели во соопштението.

Во последното деноноќие имало регистрирано осум пожари на отворено на територија на државата. Гореле стрништа, депонии, ѓубришта, одпад, гуми, сува трева и нискостеблеста вегетација.

Регионалниот ЦУК Скопје информира дека двајца пожарникари од Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје вчера, од 11:40 до 12:40 часот, со едно возило гаснеле запалена депонија на површина од 500 метри квадратни во Долно Лисиче, Општина Аеродром.

Во период од 15:30 до 16:00 часот, тројца пожарникари со едно возило интервенирале на запалено ѓубре на површина од 300 метри квадратни на улица „Скупи“ во Општина Карпош. 

Четворица пожарникари со едно возило синоќа, од 18:10 до 20:00 часот, гаснеле запалена нива на површина од 500 метри квадратни кај Кадински мост. 

Пожарникарите од 00:50 до 1:35 часот гаснеле запалено дрво и грмушки на површина од 10 метри квадратни на улица „2“ бр.16 во село Студеничани. Интервенцијата ја извршиле тројца пожарникари со едно возило. 

РЦУК Битола иинформира дека вчера, од 15:50 до 17:45 часот, двајца пожарникара интервенирале на запалено стрниште во село Долно Српци.

ТППЕ Кочани вчера, од 13:30 до 14:55 часот, интервенирала на запалена ниска вегетација и стрниште во село Зрновци. Со пожарот била зафатена површина околу 1 хектар. 

Во период од 17:50 до 18:40 часот, четворица пожарникари интервенирале на запален одпад, гуми во село Сиричино, Општина Јегуновце.

ТППЕ Гостивар имала една помала интервенција, а ТППЕ Гевгелија од 4:05 до 4:50 часот со едно возило и двајца пожарникара интервенирале на запалена ниска вегетација и отпад во месноста викана Випро во Општина Гевгелија. 

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:112осум пожариотвореноцук
Претходен напис Платежна агенција го најави повикот за Мерка 7 од ИПАРД
Следен напис (Во живо) Прес конференција на министерот за земјоделство Трипуновски
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?