Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Глобалниот долг се искачи на рекордни 312 трилиони долари
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Глобалниот долг се искачи на рекордни 312 трилиони долари
Агровести

Глобалниот долг се искачи на рекордни 312 трилиони долари

Објавено 26/09/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Глобалниот долг достигна рекордни 312 трилиони долари на крајот на вториот квартал од 2024 година, пред се поради растот на задолжувањето во САД и Кина, покажуваат денеска објавените податоци од Институтот за меѓународни финансии (ИИФ). Покрај Кина и САД, долгот го зголемиле и Индија, Русија и Шведска, а значително намалување забележале останатите европски земји и Јапонија.

Светскиот долг се зголеми за 2,1 трилиони долари во првата половина од годината и постои можност ситуацијата дополнително да се влоши поради намалувањето на каматните стапки.

Зголемувањето на задолжувањето во голема мера е последица на енергетската транзиција и преминот кон обновливи извори на енергија, оценува ИИФ.

Глобалниот однос на долгот и БДП – показател за способноста за отплата на долгот во споредба со произведеното – се стабилизира помеѓу 327 и 328 проценти, се вели во извештајот.

На пазарите во развој, односот на долгот кон БДП достигна нов максимум од 245 проценти.

Авторите на извештајот наведуваат дека се загрижени поради очигледниот недостаток на политичка волја за решавање на проблемот со долгот – како во напредните економии, така и на пазарите во развој.

ИИФ предупредува и на можно драстично згилемување на државните задолжувања ширум светот од сегашните 92 трилиони долари на 145 трилиони долари до 2030 година, а потенцијално да надминат 440 трилиони долари до 2050 година.

МИА

Може да ви се допадне

Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Балканот под удар на невреме: град, поплави и ветер што веќе не личи на обична летна бура
Таг:312 трилиони долариГлобалниот долгрекордни
Претходен напис ЦУК: Девет пожари на отворено во изминатите 24 часа, планирано прскање против комарци во Скопско
Следен напис ДПИ вчера изрече санкции од речиси 1,2 милиони денари за непочитување на одлуката за посебни услови за трговијата на одделни стоки
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?