Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Картички за „зелена нафта“ досега подигнале околу 40 отсто од земјоделците во Кочанско
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Картички за „зелена нафта“ досега подигнале околу 40 отсто од земјоделците во Кочанско
Агровести

Картички за „зелена нафта“ досега подигнале околу 40 отсто од земјоделците во Кочанско

Објавено 19/09/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

По две недели од почетокот на распределбата на картичките за „зелена нафта“, околу 40 отсто од земјоделците во Кочанско се јавиле во Подрачната единциа на Министерството за земјоделство и веќе ги подигнале.

Обврска на земјоделските производители е подигањето на паричните картички да го направат лично, при што треба да приложат документ за идентификација.

=До сега 1.100 земјоделци од општините Кочани, Зрновци и Чешиново-Облешево ги подигнаа вредносните ваучери, а беа поднесени околу 2.800 барања. Со картичките ќе може да набават гориво на која било бензинска пумпа на „Макпетрол“, најдоцна до 30 април следната година. Доколку им преостанат средства што не ги искористиле, по тој рок ќе им бидат блокирани. Земјоделците може да ги подигаат картичките секој работен ден до 16:30 часот, при што може да ги земат и на последниот ден од нивната важност, но сумата треба да ја потрошат веднаш, истакна Драгољуб Никовски, раководител на Подрачната единица за земјоделство во Кочани.

За да може да ја добијат финансиската поддршка за дизел горивото, услов е земјоделците да ги имаат платено обврските за воден надоместок кон водостопанското претпријатие.

Од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој посочија дека на територијата на државата изработени се вкупно 44.704 картички со вредност од 493.282.867 денари.

Мерката „Зелена нафта“ за прв пат беше воведена во 2019 година.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:40 отстозелена нафтаземјоделцитекартичкиКочанско
Претходен напис Трипуновски: МЗШВ и ФАО проблемот на над 2.000 земјоделци во Пелагонија го надминуваат со отпочнување на активности за реализација на проектот
Следен напис Благотворноста на свежото сирење
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?