Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Отпорноста на антибиотици може да убие повеќе од 39 милиони луѓе до 2050 година, предупредува нова студија
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Отпорноста на антибиотици може да убие повеќе од 39 милиони луѓе до 2050 година, предупредува нова студија
Агровести

Отпорноста на антибиотици може да убие повеќе од 39 милиони луѓе до 2050 година, предупредува нова студија

Објавено 17/09/2024
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Отпорноста на антибиотици може да предизвика смрт на повеќе од 39 милиони луѓе до 2050 година. Ова е заклучокот од студијата објавена во научната публикација „Лансет“, пренесоа светските агенции.

За прв пат, ваква студија го проценува влијанието на отпорноста на антибиотици низ годините и се обидува да го предвиди нејзиниот развој.

Од 1990 до 2021 година, повеќе од еден милион луѓе годишно во светот умирале поради отпорност на антибиотици. Авторите на студијата се фокусираа на 22 патогени агенси, 84 комбинации на третман со патогени и 11 инфективни синдроми кај луѓе од сите возрасти во 204 земји и територии преку податоци за повеќе од 520 милиони луѓе.

Во тие три децении, смртните случаи на деца под пет-годишна возраст директно предизвикани од отпорност на антибиотици се намалија за повеќе од 50 проценти, бидејќи превенцијата и контролата кај доенчињата и малите деца се подобрија.

Меѓутоа, поретко кај овие деца, инфекциите станаа потешки за лекување кога ќе се појават. Во исто време, стапката на смртност кај постарите лица на возраст од 70 и повеќе години скокна за 80 отсто во истиот период поради брзото стареење на населението и поголемата ранливост на старите лица на инфекции.

Што се однесува до патогените агенси, смртноста поради Staphylococcus aureus отпорен на метицилин е најмногу зголемена во светот.

Во следните децении, смртните случаи поради отпорност на антибиотици уште повеќе ќе се зголемат.

Според моделите на истражувачите, бројот на директни жртви може да достигне 1,91 милиони годишно ширум светот до 2050 година, што е скок од повеќе од 67 отсто во споредба со 2021 година. До средината на овој век, отпорноста на антибиотици ќе игра поголема улога за 8,22 милиони смртни случаи годишно, зголемување од 74,5 проценти во споредба со 2021 година. Вкупно помеѓу 2025 и 2050 г.

Отпорноста на антибиотици би можела да биде директна причина за повеќе од 39 милиони смртни случаи ширум светот и би била поврзана со 169 милиони смртни случаи, според научниците.

Сепак, можни се и помалку песимистички сценарија, забележуваат авторите на студијата.

Тие, исто така, потсетуваат дека подобрувањето на третманот на инфекции и пристапот до антибиотици може да спречи 92 милиони смртни случаи ширум светот помеѓу 2025 и 2050 година, особено во Јужна Азија и субсахарска Африка.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:39 милиони луѓеантибиотициОтпорностастудија
Претходен напис Променливо облачно со сончеви периоди, попладне локален дожд
Следен напис Македонска Каменица презема интензивни мерки за превенција од потенцијални штети предизвикани од најавените обилни врнежи
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?