Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Миланов во Будимпешта, учесник на состанокот на главните ветеринарни офицери на ЕУ
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Миланов во Будимпешта, учесник на состанокот на главните ветеринарни офицери на ЕУ
Агровести

Миланов во Будимпешта, учесник на состанокот на главните ветеринарни офицери на ЕУ

Објавено 11/09/2024
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Директорот на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), д-р Оливер Миланов, од  денес, 11 септември до 13 септември, во Будимпешта, Република Унгарија, заедно со делегација од Агенцијата, учествува на ветеринарниот самит од Западен Балкан на главните ветеринарни офицери (директори на ветеринарни служби) и на Европската унија (ЕУ), Европската асоцијација за слободна трговија и првите луѓе на ветеринарните служби од Западен Балкан. На состанокот ќе се дискутира за поддршката за развој на капацитетите на ветеринарните служби од Западен Балкан, европската пракса и искуство за вакцинацијата на животните како основа за превенција и контрола на болестите, поддршката на ЕУ во делот на вакцинација кај лисиците и другите активности поддржани од ЕУ, а споделено ќе биде и искуството на Унгарија на оваа тема.

1

Првите луѓе на Ветеринарната канцеларија на Босна и Херцеговина и на Агенцијата за храна и ветеринарство на Косово ќе го претстават искуството од реализацијата на вакциналните кампањи на малите преживари против бруцелоза, оралната вакцинација против болеста беснило во периодот 2009-2024 година, како и искуството од управувањето со епидемиите на болестите кај животните во Косово и потенцијалот за нивна контрола со поддршка од ЕУ, како што е болеста чвореста кожа.  

2

Во рамки на состанокот ќе бидат презентирани извештајот за реализација на проектот “Регионални активности за искоренување на болести во земјите од Западен Балкан” (ADEWB Project) и функционирањето на COMМ SANTE – Агенција за здравствени комуникации  и банка за вакцини.

На маргините на состанокот, на 13 септември, ќе се одржи Шестиот форум за комуникација и соработка на директорите на ветеринарните служби од Западен Балкан на кој ќе учествуваат претставници од Европската комисија – DG SANTE, Светската организација за здравје на животните –  WOAH, од ветеринарните служби на Романија и Грција и претставници од ветеринарните служби од Северна Македонија, Албанија, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Косово.

3

Тема на овој состанок ќе биде актуелната состојба со болеста чума кај малите преживари, за што претставници од надлежните ветеринарни служби од Грција и Романија ќе ја презентираат актуелната состојба со болеста во нивните земји и мерките кои ги преземаат за ставање под контрола и нејзино искоренување.

Презентиран ќе биде и  глобалниот и регионалниот механизам за координација во однос на преземање превентивни и заштитни мерки против оваа болест.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Будимпештаветеринарни офицериЕУОливер Милановучесник
Претходен напис Средба Бислимоски – Узунчев, тема непречен старт на грејната сезона
Следен напис Инвестирајте со ИПАРД грант до 600.000 евра за производство на бетон, цемент, гипс, малтер, стакло, керамички плочки, обработка на камен…
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?