Промоцијата на брошурата ,,Легенди за Тиквешијата”, е само еден од настаните за време на манифестацијата ,,Тиквешки гроздобер”, што денеска ги најави Музеј галеријата во Кавадарци. Традиционалната културна и туристичка манифестација ќе се одржи во петок, сабота и недела.

– Во петок во музеј галеријата ќе имаме изложба на уметнички слики од Мирослава Микица Трујкановиќ и концерт на рок групата BADASSALL. Во сабота на програмата е промоцијата на брошурата во објектот познат како куќа на мирис и вкус, нов музеј, таму ќе реализираме и претставување на нова поставка, ,,Градска етнолошка соба”, појаснија од Музејот.
На агендата за недела, е претставувањето на скулптурите изработени во рамките на првата вајарска колонија, ,,Моклиште 2024″.
МИА
