Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Безбедно подготвувајте ја и храната дома
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Совети > Безбедно подготвувајте ја и храната дома
Совети

Безбедно подготвувајте ја и храната дома

Објавено 23/03/2020
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во услови кога поради воведените мерки од Владата на Република Северна Македонија за справување со вирусот КОВИД 19, поголемиот дел од граѓаните се дома и подготвуваат храна во домашни услови, Агенцијата за храна и ветеринарство потсетува на “ 5-те клучеви до побезбедна храна”. 

1.ВНИМАВАЈТЕ НА ЧИСТОТАТА
Мијте ги рацете пред земање на храната и во текот на нејзината подготовка. Мијте ги рацете после одење во тоалет. Одржувајте ги чисти сите површини и опремата која ја користите за подготовка на храната. Заштитете го просторот на кујната и самата храна од инсекти, штетници и други животни. 

ЗОШТО? 
Повеќето од микроорганизмите не предизвикуваат болести , но опасните микроорганизми може да се најдат на различни места – во почвата, водата, на животните и луѓето. Тие се пренесуваат преку рацете, кујнските крпи и садови, особено преку даските за сечење и со најмал допир може да се пренесат на храната  и да предизвикаат заболување кое се пренесува преку храна. 

2.ОДВОЈТЕ ГО СИРОВОТО ОД ЗГОТВЕНОТО
Одвојте го сировото месо, месото од живина, риба и морските плодови од останатата храна. Садовите и приборот како што се ножевите и даските за сечење и обработка на суровата храна, не ги користете за термички обработената храна. Чувајте ја храната во одвоени садови за да се избегне контактот на суровата со обработената храна. 

ЗОШТО? 
Сировата храна, посебно месото, месото од живина, рибата и  морските плодови, може да содржат опасни микроорганизми кои со текот на подготовката и чувањето може да се пренесат на храната. 

3.ТЕМЕЛНО ЗГОТВЕТЕ ЈА ХРАНАТА 
Храната гответе ја темелно, особено месото, месото од живина, рибата и морските плодови. Супите и гулашите оставете ги да провријат за да бидете сигурни дека е постигната температура од 70 степени Целзиусови. При печење на месото и месото од живина, сокот не смее да биде розеникав туку треба да е бистар. 
Се препорачува да се употребува термометар за мерење на температурата на месото. При подгрејување, храната темелно  загрејте ја. 

ЗОШТО? 
Правилното готвење ги уништува речиси сите микроорганизми. Истражувањата покажале дека со готвење на храната на 70 степени Целзиусови можеме сосема да бидеме сигурни  дека храната е безбедна за консумирање. 

4.ХРАНАТА ЧУВАЈТЕ ЈА НА ПРОПИШАНАТА ТЕМПЕРАТУРА 
Не оставајте ја зготвената храна на собна температура подолго од 2 часа. Целата зготвена и лесно расиплива храна во колку што е можно покус рок, оладете ја (на температура под 5 степени Целзиусови). Пред послужување зготвената храна добро подгрејте ја (над 65 степени Целзиусови). Дури ни во ладилник не треба да ја чувате храната подолго време. 

ЗОШТО?
Микроорганизмите може многу брзо да се размножуваат доколку храната се чува на собна температура. Со чување на храната на температура пониска од 5 степени Целзиусови  и обработка на повисока од 60 степени Целзиусови, размножувањето на микроорганизмите е значително забавено или целосно запрено. Сепак, некои микроорганизми се размножуваат дури и при температура под 5 степени Целзиусови. 

5.КОРИСТЕТЕ ИСПРАВНА ВОДА И СВЕЖИ НАМИРНИЦИ 
Користете само здравствено исправна вода. Изберете само свежи намирници и избегнувајте ги оние за кои се сомневате дека се здравствено неисправни. Изберете ја храната која претходно е термички обработена ако таа го намалува ризикот од труење, а не влијае значително на хранливите својства ( пастеризирано млеко). 
Измијте го овошјето и зеленчукот пред консумирање во свежа состојба. Не употребувајте храна со поминат рок на траење. 

ЗОШТО?
Сировите намирници, вклучувајќи ги и водата и мразот, може да бидат контаминирани со опасни микроорганизми и хемикалии. Отровни соединенија може да се создадат  во оштетена и мувлосана храна. Со поголемо внимание при изборот на сировите прехранбени намирници, како и со едноставните мерки- миење и лупење, може значително да се намали потенцијалниот ризик. 

Може да ви се допадне

Исправноста на опремата за аплицирање на пестициди – темел за здрава и продуктивна производна сезона во земјоделството
Како до успешно производство на компир
Капина – карактеристики и одгледување на сортата Лох Нес
Нега на чапунките кај молзните крави
Што е имотно осигурувањe?
Таг:безбедно подготвување на храннасовети за подготовка на хранахраначистота
Претходен напис Снегот и земјоделството во пролетта 2020
Следен напис Атанасов за МИА: Вонредните инспекциски контроли утврдија мали отстапки
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?