Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: (ВИДЕО) ДВ: Чипсот ги здружува Србите и Албанците на Косово
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > (ВИДЕО) ДВ: Чипсот ги здружува Србите и Албанците на Косово
АгровестиДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО

(ВИДЕО) ДВ: Чипсот ги здружува Србите и Албанците на Косово

Објавено 31/08/2024
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Бобан Ристиќ и Агрон Халими од Вучитрн склучија успешно партнерство во областа на производството на чипс. Ристиќ го одгледува компирот, додека Халими ја надгледува контролата на квалитетот во фабриката за чипс Випа. Нивната соработка, која трае со години, е пример за тоа како економскиот опстанок ги надминува политичките разлики.

Семејството Ристиќ се занимава со земјоделство со генерации. Бобан Ристиќ работи во општина Вучитрн, во северно Косово. Но, бидејќи платата не му е доволна за живот, тој ја продолжува земјоделската традиција на своето семејство. Во последниве години, тој доставува компири во локалната фабрика за чипс.

„Семето за компири го добиваме од ‘Випа’, компанија во албанска сопственост. Соработката е добра, а условите фер. Тие се посветени да прават бизнис и ни помагаат“, вели Бобан Ристиќ.


Фабриката за чипс „Випа“ е основана во 2004 година од браќата Касуми од Косово со поддршка на српскиот инженер Михаило Симовиќ. Оттогаш, таа од мало претпријатие прерасна во голема фабрика која вработува 250 луѓе и набавува компири од околу 70 локални фармери

Агрон Халими, менаџер за квалитет во „Випа“, нагласува дека квалитетот на компирот е поважен отколку националноста на луѓето кои го одгледуваат и дека компанијата е транспарентна за соработката со локалните етнички Срби: „Ние сме бизнисмени и имаме малку време да слушаме политика. Секако дека и политиката нè погодува, но се надеваме дека работите ќе се решат што поскоро и дека ќе нѐ остави да работиме дури и повеќе.“


Иако во овој дел на Косово останаа многу малку етнички Срби, тие што се тука сакаат да останат. Повеќето живеат во села и се занимаваат со земјоделство. Соработката со фабриката за чипс е добредојдена. Ристиќ и Халими редовно се среќаваат за да разговараат за тоа како може дополнително да се подобри квалитетот на компирот.

„Пред да почнеме да работиме со ‘Випа’, моравме да ги фрламе нашите компири. Немавме каде да ги продадеме, а цените беа катастрофални. Сега, имаме сигурен пазар и загарантирана цена“, вели задоволно Ристиќ.

Со приходите од „Випа“, Ристиќ може на своето семејство да му овозможи подобар живот во Косово. Неговите компири наскоро ќе бидат преработени, спакувани и доставени до супермаркетите низ Европа, вклучително и Србија – што е значаен успех со оглед на ограничената трговија меѓу двете земји.

Извор: ДВ

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Дојче велеземјоделцикомпириКосовочипс
Претходен напис Синоптичарите со прогноза – Невреме, а потоа повторно многу високи температури
Следен напис „Нелкоски Органик Фуд“ продолжува со потпишување на долгогодишни договори за откуп на ЛЕШНИК!
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?