Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Во Тетово се одржа Саем на недрвни шумски производи
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Во Тетово се одржа Саем на недрвни шумски производи
Агровести

Во Тетово се одржа Саем на недрвни шумски производи

Објавено 24/08/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Прв саем на недрвни шумски производи се одржа денеска на плоштадот во Тетово, во организација на здружението Ренесанса. Се претставија производители на боровинки, капинки, планински чај, мед и разни ароматични растенија.

Саемот е дел од проектот „Заштита на животна средина и промоција на планинскиот туризам“ на здружението Ренесанса со поддршка на ЦНВП Фондација. Главната порака е луѓето да набавуваат вакви производи на пазарите, саемите и од одгледувачите затоа што многу зависи родот на шумските производи од временските прилики и климатските промени.

-Поради климатски промени не е исто секоја година, некогаш има плод во планина, некогаш нема. Посебно боровинки и медот. Кај медот зависи колку ќе врне особено во периодот мај-јуни кога расцветуваат цветовите на растенијата и дрвјата. Нема константа, сè зависи од времето, ако има дожд нормално ќе има помалку. Ама оваа година сите производители велат дека добро поминале, изјави Берат Азизи од здружението Ренесанса.

Проектот е можност за запознавање со природните богатства што ги нуди локалната животна средина како и можност да се поддржат локалните производители кои се посветени на зачувување на природата.

– Шар Планина има голем потенцијал за одгледување на недрвни производи, а има и перспектива за развој на планинскиот туризам, истакна Нехат Рамадани, директор на ЦНВП Фондација.

Во рамки на проектот „Одржливо користење на природните ресурси Шара, Кораб Коритник и Албанските Алпи“, ЦНВП фондација поддржува повеќе грантисти кои спроведуваат проектни активности во областите на заштита, унапредување и развој на животна средина.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:недрвниСаемтетовошумски производи
Претходен напис Во Свети Николе до крајот на месецов се пријавуваат штетите од големиот пожар
Следен напис Подигнете насад со ДРЕНКИ: Има садници, лесна за одгледување, обезбеден пласман
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?