Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ФВМС со порака за уписите: Државата има потреба од доктори по ветеринарна медицина
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > ФВМС со порака за уписите: Државата има потреба од доктори по ветеринарна медицина
Агровести

ФВМС со порака за уписите: Државата има потреба од доктори по ветеринарна медицина

Објавено 23/08/2024
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Државата има потреба од доктори по ветеринарна медицина (ФВМС), порачуваат од Факултетот за ветеринарна медицина каде започнува првиот уписен рок за упис на студенти.

Професијата доктор по ветеринарна медицина, како што велат од ФВМС, е престижна, регулирана и високо ценета професија во целиот свет, а државата има потреба од млади луѓе кои по завршувањето на студиите ќе можат да ги применат стекнатите знаења и вештини, преку отворање на свои приватни пракси (ветеринарни амбуланти/клиники), да работат во сите сектори на прехранбената индустрија, веледрогерии, државна администрација, Агенција за храна и ветеринарство, инспекција, млечна и месна индустрија, како и многу други можности, кои ги нуди оваа професија.

-Постојано ги следиме актуелните состојби кои се од интерес не само за ветеринарната медицина, туку и земјоделието, сточарството како и стопанството во целина. Исто така, Факултетот за ветеринарна медицина ги следи и најновите достигнувања во областа на дијагностиката, терапиите и научните истражувања,  како во европски, така и во светски рамки. Факултетот за ветеринарна медицина и оваа година ги отвори вратите и за интернационалните студенти, што воедно е предизвик со кој ќе се заживее и програмата на интегрирани додипломски студии од прв и втор циклус на англиски јазик. Ги охрабруваме сите средношколци кои ја сакаат ветеринарната професија, да ни се придружат, бидејќи ФВМС го негува концептот Едно здравје (One health), што означува дека грижата треба да биде подеднакво насочена, како за животните, така и за луѓето и животната средина, посочуваат од Факултетот.

Оваа година отворени се 50 студентски места за студиската програма Ветеринарна медицина на македонски јазик, интегрирани студии од прв и втор циклус, со времетраење од 12 семестри, како и за студиската програма Ветеринарна медицина на англиски јазик со времетраење од 11 семестри, за која се отворени вкупно 15 места. 

Наставната програма е дизајнирана согласно актуелните трендови за ветеринарната медицина во нашата земја, туку и пошироко во светски рамки. Сите предмети вклучени во оваа наставна програма се наведени во Директивата 2005/36 ЕУ, како и во листата на предмети кои секоја година се усвојуваат на годишното собрание на ЕАЕВЕ.

По завршување на студиите, веќе дипломираните студенти се стекнуваат со високообразовната квалификација Доктор по ветеринарна медицина. 

-Факултетот во текот на студиумот, нуди и бројни програми за мобилност на студентите, кои се опфатени пред се, преку програмите на ERASMUS и CEEPUS, како и преку бројните договори за соработка со сите факултети од регионот и пошироко во ЕУ.  Покрај тоа, студентите имаат можност да ја изведуваат својата клиничка практика во голем број ветеринарна амбуланти, болници, клиники, веледрогерии, фарми, претпријатија за производство на храна, со кои Факултетот има потпишано договори, со што им се овозможува на студентите дел од клиничката практика да ја изведуваат надвор од рамките на Факултетот, под менторство на лиценцираните колеги од праксата, велат од Факултетот.

Факултетот за ветеринарна медицина-Скопје е формиран во 1991 година и е  полноправна членка на Европската асоцијација на високообразовни ветеринарни установи (EAEVE).

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:ветеринарна медицинадокторидржаватауписитеФВМС
Претходен напис ЦУК: Изгаснати девет пожари, под контрола пожарот над демирхисарското село Вирово
Следен напис Горивата поевтинуваат за два денара
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?