Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Објавени два јавни повика за финансиска поддршка за зголемување на конкурентноста кај преработувачката индустрија и за опремување на лабаратории
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Објавени два јавни повика за финансиска поддршка за зголемување на конкурентноста кај преработувачката индустрија и за опремување на лабаратории
АгровестиЈавни огласи и повици

Објавени два јавни повика за финансиска поддршка за зголемување на конкурентноста кај преработувачката индустрија и за опремување на лабаратории

Објавено 23/08/2024
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерството за економија и труд денеска објави два јавни повика согласно Програмата за поддршка на конкурентноста на преработувачката индустрија и општествена одговорност за 2024 година. Како што објави министерот за економија и труд Бесар Дурмиши, годинава за оваа Програма се обезбедени вкупно 32.500.000 денари или 530 илјади евра за субвенции за компаниите.

Компаниите од денеска може да аплицираат за две мерки и да добијат финансиска поддршка и тоа:

1.Јавен повик за поддршка за зголемување на конкурентноста на деловните субјекти од преработувачка индустрија  – развој на деловниот субјект, развој на производ и развој на пазар

2.Јавен повик за надомест на дел трошоците за лаборатории

За јавниот повик за поддршка за зголемување на конкурентноста на деловните субјекти од преработувачка индустрија  – развој на деловниот субјект, развој на производ и развој на пазар предвидени се 6.500.000 денари.

На јавниот повик може да алицираат компании од преработувачката индустерија кои имаат најмалку 5 вработени лица, и да нема добиено финансиска поддршка од државата за истата активност во изминатите две години.

Компаниите може да аплицираат за пет мерки на овој јавен повик и тоа: за изработка на стратегија за извоз  и/или студии за истражување на пазарот и/или       маркетинг стратегија и/или  активности за развој на  бренд за извозно ориентирани деловни субјекти; набавка, имплементација, сертификација и обука за хоризонтални стандарди; хармонизирани и други стандарди и стандардизациски документи од областа на преработувачката индустрија, потребни за интернационализација и поголема конкурентност; надоместување на дел од трошоци за официјални такси за регистрација во меѓународни институции (WIPPO, EPO, EUIPO и други) за меѓународна заштита на правата на индустриска сопственост; соработка меѓу деловните субјекти и универзитетите за истражување, развој и иновации (користење на лабораториите при универзитетите за испитување и истражување, изработка на проектна документација за подобрување на технолошкиот процес и производ, стручна анализа и консултација, специјализирана обука, подготовка и објава на заеднички анализи и трудови во стручни списанија и сл.) и надоместување на дел од трошоци за дигитална трансформација на компаниите: развој/набавка на дигитални решенија за поддршка на бизнисот и производството, систем за компјутерска безбедност, дигитален маркетинг.

Министерството за економија и труд го надоместува делот на трошоците во висина од 50% од докажаните трошоци на барателот, но не повеќе од 300.000,00 денари.

За јавниот повик за надомест на дел трошоците за лаборатории обезбедени се вкупно 3.000.000 денари.

На јавниот повик може да аплицираат компании кои се во секторот за техничко испитување и анализи и  организационите единици при факултетите, кои се бават со оваа дејност.Eден барател може да поднесе пријава и барање само за една активност. Корисник на субвенција не може да биде деловен субјект кој добил државна помош за иста активност во претходната година.

Лабаториите може да аплицираат за акредитација и проширување на акредитација на постоечки лабаратории за: набавка на стандарди/технички спецификации за лабораториски методи , консултански услуги за имплементација на ISO 17025, обука за примена на методи од опсегот на акредитација, учество на меѓународни семинари за PT шеми, акредитационен аудит со Институтут за акредитација на Република Северна Македонија или надзорен аудит со Институтут за акредитација на Република Северна Македонија.Оваа мерка се однесува и за набавка на опрема за лаборатории за пуштање на пазарот на квалитетни и безбедни производи во делот на доопремување на лаборатории и обука за ракување со опремата и калибрација на опремата.

Во соопштението се истакнува и дека Министерството за економија и труд надоместува дел од трошоците во висина од 50% од докажаните трошоци на деловните субјекти, но не повеќе од 400.000,00 денари поединечно за секој деловен субјект барател на средства, согласно расположивите средства.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:јавни повикалабараторииОбјавениопремувањепреработувачката индустријафинансиска поддршка
Претходен напис Туристичко искуство: Сместувањето чини 100 евра на ден, но перење алишта се доплаќа
Следен напис Кои се тoп 10 земји од ЕУ каде се практикува органско производство? Ќе се изненадите кога ќе видите која земја користи дури 27% од вкупните земјоделски површини за оваа намена
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?