Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Австралија: Најголемата сончева фарма во светот ќе напојува три милиони домови
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Австралија: Најголемата сончева фарма во светот ќе напојува три милиони домови
Магазин

Австралија: Најголемата сончева фарма во светот ќе напојува три милиони домови

Објавено 22/08/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Австралиската влада направи голем чекор кон тоа да стане предводник на полето на обновливите извори на енергија, со одобрување нов индустриско-сончев проект во областа Северна Територија.

Инталацијата „Австралија – Азија пауер линк“ (Australia – Asia Power Link) што се промовира како „најголемата сончево-енергетска станица во светот“, зафаќа површина од 12.000 хектари и ќе генерира енергија – доволна за напојување три милиони домови. Според австралиската министерка за животна средина, Тања Плиберсек, проектот ќе вклучува сончеви панели, батерии, но и посебен кабел што ќе ги поврзува Австралија и Сингапур со цел извоз на вишокот енергија.

„Овој огромен проект претставува дел од инфраструктурата што ја дефинира оваа генерација. Тоа ќе биде најголемата сончева станица во светот, најавувајќи ја Австралија како светски лидер во зелената енергија“, рече министерката.

Проектот го инсталира компанијата за обновливи извори на енергија, „Санкејбл“ (SunCable), со финансиска помош од милионерот Мајк Кенон-Брукс. Тоа ќе значи директно и индиректно отворање 6.800 до 14.300 работни места – за првите 35 години од работењето. Испораката на електрична енергија се очекува во 2030-тите.

Австралија е еден од најголемите извозници на јаглен и гас во светот, но низата природни катастрофи последниве години, како што се поплавите и пожарите, ја натераа новата Влада да се сврти кон поеколошки извори на енергија. За две години беа почнати 55 проекти за обновлива енергија, коишто засега се доволни за напојување на речиси седум милиони домови. 

МИА

Може да ви се допадне

Чорба од црвен грав
Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Печен омлет со тиквички, пиперки и домати
Освежителна зеленчукова салата со тестенини
Денеска е Духовден – Света Троица, празникот што се смета за роденден на христијанската црква
Таг:Австралијанапојувасветотсончева фарматри милиони домови
Претходен напис Беџети: ЈП Агро Берза и ДФЛ, важни институции за земјоделците и вкупниот аграр
Следен напис ЈП Лајка: Скопје се соочува со неприроден прилив на бездомни кучиња
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?