Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов синоќа го испратил тимот од Словенија на хеликоптерот „кагуар“, пилотите и придружниот воздухопловен персонал, кои помогнаа во гасењето на пожарите во државава.

Како што соопшти ЦУК, словенечкиот тим помогна „до максимум според можностите и на персоналот и според техничките можности на воздухопловите во справувањето со пожарите од поголеми размери во Македонија“.

-Ангелов притоа искажа голема благодарност за помошта – и до нив лично, и до нивната држава. Во таа пригода им врачи благодарници и скромен подарок за спомен на нивниот престој во Македонија, информира Центарот за управување со кризи .
МИА
