Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Продолжува гасењето на пожарот кај кочанското село Пресека, пожарникарите добија поддршка од хеликоптери
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Продолжува гасењето на пожарот кај кочанското село Пресека, пожарникарите добија поддршка од хеликоптери
Агровести

Продолжува гасењето на пожарот кај кочанското село Пресека, пожарникарите добија поддршка од хеликоптери

Објавено 14/08/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Противпожарните единици од Кочани и регионот во текот на ноќта и од утрово продолжија со гасењето на шумскиот пожар што вчера го зафати атарот на кочанското село Пресека на Осоговските Планини, а се прошири и кон селото Цера во општина Македонска Каменица.

Проблем во интервенцијата е стрмниот и непристапен терен, поради што пожарникарите утрово добија и поддршка од воздух. Огненените јазици, кои со помош на ветерот достигнуваат и над 20 метри, веќе опустошија околу 150 хектари висококвалитетна борова и дабова шума, како и нискостеблести растенија.

-Се обидуваме пожарот да го ставиме под контрола, на одделни позиции успеавме, но сепак тоа сè уште не е задоволително. Се работи за два пожара, од страната на селото Цера и овој откај Пресека кои се споија во еден, но успеавме огнот од церската страна да го изгаснеме. На одредени места, пред сè долови и засеци што се искачуваат од речното корито од страната на Пресека, сè уште има сериозни жаришта. Утрово добивме поддршка и од хеликоптерите што ги координира ЦУК. Нашата единица е овде со две екипи и две противпожарни возила, а помагаат и колегите од Виница, од Македонска Каменица, од Доброволното противпожарно друштво од Кочани, вработени во шумското стопанство, како и месно население, истакна Сашо Мијалов, заменик командир на ТППЕ – Кочани.

Со интервенцијата на пожарникарите кај Пресека ноќеска била отстранета опасноста за викендичка во која престојувале луѓе. 

Пожарникарите очекуваат до крајот на денот пожарот да биде целосно локализиран и ставен под контрола, но како превентива од повторно разгорување можно е една екипа да остане и во текот на вечерта.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:гасењетопожаротПресекахеликоптери
Претходен напис Топлотниот бран неповолен за земјоделството, наводнувањето приоритет
Следен напис Издадено итно предупредување од Италија: Реагирајте, во спротивно ќе останеме без портокали
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?