Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Експерти од Народната банка учествуваа во изготвувањето водич за климатските ризици за централните банки на Меѓународната мрежа за зелен финансиски систем
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Експерти од Народната банка учествуваа во изготвувањето водич за климатските ризици за централните банки на Меѓународната мрежа за зелен финансиски систем
Агровести

Експерти од Народната банка учествуваа во изготвувањето водич за климатските ризици за централните банки на Меѓународната мрежа за зелен финансиски систем

Објавено 14/08/2024
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во рамки на членството во Меѓународната мрежа за зелен финансиски систем (NGFS), експерти од Народната банка учествуваа во изготвувањето на Водичот за обелоденување на ризиците и можностите поврзани со климатските ризици за централните банки (Guide on climate-related disclosure for central banks – second edition).

Водичот ги обработува четирите аспекти на вградување на климатските ризици при извршувањето на функциите на централните банки: организациска поставеност; стратегија; управување со ризици; и мерки и цели, при што експертите од Народната банка дадоа свој придонес во изготвувањето на препораките за известување во рамките на процесот на управување со ризиците. Народната банка е една од четиринаесетте централни банки коишто работеа на изготвување на оваа ревидирана и подобрена верзија на Водичот. Самиот процес траеше две години и опфаќаше активно учество во работата на подгрупата Обелоденување на ризиците поврзани со климатските промени и еколошките ризици за централните банки, што е дел од групата Нето-нула на Мрежата за зелен финансиски систем.

Ревидираната верзија на Водичот ги поттикнува централните банки да дадат свој пример преку објавување на ризиците и активностите поврзани со климатските промени. Воедно, се заклучува дека поголемата транспарентност на централните банки за прашањата поврзани со климатските промени значи и поуспешно управување со овие ризици и е од суштинско значење за поттикнување на транзицијата кон одржлива економија.

Народната банка, според примерот на најдобрите практики за известување на оваа тема, објави прилог за изложеноста на климатските ризици и ефектите од одржливото  инвестирање на девизните резерви во рамки на Годишниот извештај за 2023 година. Во склоп на колективните напори за зазеленување на финансискиот систем, во наредниот период Народната банка ќе го сподели своето искуство при мерењето и објавувањето на изложеноста на климатските ризици во процесот на управување со девизните резерви, преку виртуелен состанок, како дел од едукативните работилници на Мрежата за зелен финансиски систем, со цел да даде ги поттикне и да ги насочи централните банки што ги прават првите чекори во оваа област.

Меѓународната мрежа за зелен финансиски систем (NGFS) обединува 138 централни банки и супервизори и 21 набљудувач, кои на доброволна основа ги споделуваат најдобрите практики и придонесуваат за развојот на животната средина и управувањето со климатските ризици во финансискиот сектор, придонесувајќи да се мобилизираат главните финансии за поддршка на транзицијата кон одржлива економија.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:водичекспертизелен финансиски системНародната банка
Претходен напис Зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце
Следен напис Проштална средба на министерот Муртезани со евроамбасадорот Гир
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?