Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Република Кипар испраќа два авиона за справување со пожарите во Свети Николе и Чашка
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Република Кипар испраќа два авиона за справување со пожарите во Свети Николе и Чашка
Агровести

Република Кипар испраќа два авиона за справување со пожарите во Свети Николе и Чашка

Објавено 07/08/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Два авиони од типот „Air Tractor“ и вкупно девет лица членови на екипаж од Република Кипар попладнево ќе пристигнат во Скопје, во рамките на помошта за Северна Македонија од ЕУ механизмот за цивилна заштита, а од утре ќе учествуваат во гаснењето на пожарите во Свети Николе и Чашка, јави дописничката на МИА од Атина.

Од Секторот за шумарство при Министерство за земјоделство, рурален развој и животна средина на Република Кипар соопштија дека „по наредба на директорот на конкретниот сектор Савва Иезекил и по консултација со надлежната министерка Мариа Панајоту, преку Механизмот за цивилна заштита на Европската Унија се испраќа помош за Република Северна Македонија за справување со шумските пожари во областите Чашка и Свети Николе“, а соодветно бил информиран и министерот за надворешни работи на Кипар Константинос Комбос.

Двата авиона, со четворица членови на екипажот и пет лица за копнена поддршка, во 10:15 часот утрово полетале од аеродромот во Пафос кон меѓународниот аеродром во Скопје, планирана е попатна станица на аеродромот на грчкиот остров Родос за полнење гориво и според процените се очекува кај нас да слетаат околу 17 часот.

По пристигнувањето ќе биде информирани со детали за акцијата, а се очекува утро наутро да учествуваат во гаснењето на пожарите.

Планирано е кипарските авиони, во Република Северна Македонија да останат пет дена.

Конкретните авиони од типот „Air Tractor“, како што соопштија од Секторот за шуми во надлежното кипарско Министерство, се опремени со соодветна опрема за гаснење и употреба на пена, опремени се и со соодветна телекомуникациска опрема, како за комуникација со Единицата за воздушни средства во Ларнака, така и за пренос на информации и фотографски материјал.

Од средината на јуни 2024 година двата авиони се дел од механизмот rescEU и оваа е нивната прва мисија. 

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:два авионакипарпожаритеСвети НиколеЧашка
Претходен напис Средба на министерот Муцунски со претставници на Стопанската комора на Македонија – Турција (МАТТО)
Следен напис Мециновиќ: Кина заинтересирана за зголемување на увозот на македонско сортно вино
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?