Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ДУМА: Поморот на риби во Вардар, кај Градско, го предизвикало истекување на течно ѓубриво од биогасна централа
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > ДУМА: Поморот на риби во Вардар, кај Градско, го предизвикало истекување на течно ѓубриво од биогасна централа
Агровести

ДУМА: Поморот на риби во Вардар, кај Градско, го предизвикало истекување на течно ѓубриво од биогасна централа

Објавено 28/07/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Истекоа многу големи количини течен пост дигестат поточно ферментирано течно ѓубриво што се користи за наѓубрување на земјоделски површини. Оваа материја е причина за денешниот помор на риби во река Вардар, кај Градско. Таа е производ после завршената ферментација во дигесторите за производство на биогас, констатираат во првичниот извештај, по извршен вонреден инспекциски надзор, двајца државни инспектори на инспекторатот за заштита на животна средина.

Во извештајот, инспекторката Биљана Шуркова Манаскова и Јованче Колев, констатираат:

„Овој пост дигестат кој е складиран во бетонски резервоар во кругот на биогасната централа, во сопственост на „ВАРДАР БИО ПРОЦЕС“ ДОО Градско, од приемна шахта преку цевовод се складира во земјена лагуна, која е изградена неодамна и е во непосредна близина на земјоделските површини кои се наѓубруваат. Последното полнење на лагуната завршило во текот на ден сабота, 27 јули околу 17:00 часот. Според присутните лица при надзорот, во утринските часови на ден 28 јули, недела, околу 05:20 часот, поради попуштање поточно обрушување на дел од насипот, големи количини пост дигестат завршиле во околните земјоделски површини, но голем дел е истечен и во река Вардар. Оваа состојба е затекната и на лице место при вршење на надзорот“, пишува во извештајот на Државен инспекторат за заштита на животна средина.

Државните инспектори издале усна наредба за итно ангажирање на механизација и превземање на активности за санирање на насипот на лагуната. Од инспекторатот додаваат дека инспекциската постапка е во тек но и дека за исходот од постапката и превземените инспекциски мерки по случената хаварија, јавноста ќе биде навремено информирана во текот на претстојната недела. Поточно информациите ќе следат откако ќе биде завршен целосно инспекцискиот надзор.

Убавка Јаневска

Дума.мк

Може да ви се допадне

Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Славески: Народната банка треба да добие механизми за ограничување на банкарските надоместоци
Бјорн Наумовски Вискиус за МИА: Овдешната бирократија е вистински шок за Швеѓаните, но и тие можат многу да научат од овде за топлината и прилагодливоста во тешкотиите
Таг:биогасна централавардарГрадскопоморриби
Претходен напис Светскиот ден на заштита на природата со низа активности одбележан во парк-шумата Гази Баба
Следен напис Кога ќе се здружат енолог и пчелар, резултатот е – МЕДОВИНА, прво македонско вино од мед на Антонио Петров и Илчо Костадиновски
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?