Во просториите на МЗШВ министерот за земјоделство Трипуновски се сретна со претставници на Сојузот на одгледувачи на овци.
„Започнуваме со исплата на заостанатите субвенции за 2023 година, субвенциите за предадено јагне во кланица, се обврзавме да се креира посебен јавен повик за закуп на државно земјиште наменето за сточарите. Овие состаноци ќе бидат пракса и се почести во иднина. Ја зголемуваме грижата за македонските сточари и нивната вклученост во функционирањето, нивниот глас е слушнат, а нивното мислење е важно“ – напиша на Фејсбук Трипуновски.
