Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Мицкоски: Средствата од унгарскиот заем достапни за компаниите наесен, за општините наредната година
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Мицкоски: Средствата од унгарскиот заем достапни за компаниите наесен, за општините наредната година
Агровести

Мицкоски: Средствата од унгарскиот заем достапни за компаниите наесен, за општините наредната година

Објавено 25/07/2024
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Мицкоски и Азески сакаат дијалог со Синдикатот за недела неработен ден. Компаниите кои ги исполнуваат условите ќе добијат пари од заемот а не оние кои имаат синдикална организација, дециден е премиерот. За стопанството ќе има и дополнителни 100 милиони евра од Европската инвестициска банка

Премиерот Христијан Мицкоски и претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески, се согласни дека дијалог со Сојузот на Синдикати на Македонија (ССМ) треба да има околу барањето да остане недела неработен ден но без конкретен одговор дали се согласуваат или не со барањето на Синдикатот.

„За дијалог со Синдикатот стоиме на располагање, ќе разговараме со синдикалните организации, но мора да водиме сметка за иднината на државата, тоа е она што е многу важно. Ако немаме здрава економија, ќе немаме ни вработени. Мора низ дијалог, заедно да седнеме и да направиме еден систем што ќе функционира и во иднина“, рече Мицкоски.

На барањето на Синдикатот средствата од најавените 250 милиони евра од унгарскиот заем да бидат дадени на компании кои имаат синдикални организации премиерот Мицкоски кажа дека нема да ги дели бизнисот и дека пари ќе добијат само компаниите кои ги исполнуваат условите.

Двеста педесет милиони евра, пари од унгарскиот заем, ќе бидат достапни за бизнис секторот во октомври додека општините со своите проекти ќе може да аплицираат за овие средства на почетокот на идната година, најави Мицкоски. Контролни механизми како се трошат овие пари ќе има а првичен план е средствата да се дистрибуираат преку комерцијалните банки без дополнителни трошоци.

„Ќе разговараме и со банките да видиме како втора опција овие средства бизнисот ги користи преку комерцијални банки без дополнителни трошоци доколку има интерес. Доколку видиме дека таму нема разбирање и се книжат дополнителни трошоци тогаш ќе се обидеме преку Македонската банка за обнова и развој да ги пласираме овие средства“, рече Мицкоски.

За стопанството ќе има и дополнителни 100 милиони евра од Европската инвестициска банка.

„Анализираме состојба во која имаме уште стотина милиони евра да бидат ставени на располагање на бизнисот а каматата да ја прифатиме ние како Влада и да ја сервисираме и практично од а биде како еден бескаматен заем. Очекуваме барем уште толку (350 милиони евра) бизнисот да вложи и да има најмалку раст од пет проценти над стапката на инфлација, да креира нови работни места“, изјави Мицкоски.

Повеќе на следниот линк

  • Споделете на Фејсбук
  • Споделете на Твитер

The URL has been copied to your clipboard

  • Auto
  • 240p
  • 360p
  • 480p
  • 720p
  • 1080p

No media source currently available

0:001:170:00

 Direct link 

Кога станува збор за општините, парите нема да се префрлаат однапред и ќе има контролни механизми кои ќе следат како се трошат овие средства.

„Не мислиме да ги ставиме средствата веднаш на располагање на сметката бидејќи за да се реализира еден проект можеби ќе треба една година. Ќе имаме единица која и преку министерството за локална самоуправа и преку мојот кабинет ќе ја следи реализацијата и средствата ќе бидат префрлени само за исплата на фактурите кои следат“, дециден е премиерот.

Бизнис секторот и Владата ќе имаат цврста соработка во наредниот период преку парична поддршка, енергија и користење на капитални инвестиции за компаниите кои ќе создаваат нови работни места и зголемен извоз. Ова е договорот постигнат меѓу Стопанската Комора и Владата а бизнисмените побараа од Владата транспарентност во работата, борба против митото и корупцијата, градење систем на институции и стимулирање на бизнисот.

Може да ви се допадне

СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Славески: Народната банка треба да добие механизми за ограничување на банкарските надоместоци
Бјорн Наумовски Вискиус за МИА: Овдешната бирократија е вистински шок за Швеѓаните, но и тие можат многу да научат од овде за топлината и прилагодливоста во тешкотиите
Во грчките градови Кожани и Агринио уапсени 13 лица за измами со европските земјоделски субвенции во висина од 2,5 милиони евра
Формиран совет за унапредување на високото образование и стратешки истражувања на Стопанската комора
Таг:заемпарисиндикатстопанска комора
Претходен напис КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ – Аларм за земјоделците и Владата
Следен напис Цени на земјоделските производи на КВАНТАШКИ ПАЗАР – Скопје
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?