Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски денеска оствари средба со Дејвид Гир, амбасадор на Европската Унија во Македонија.
„Разговаравме за тековните проекти во земјоделството, шумарството и водостопанството, за заедничкиот напор за подобрување на целиот земјоделски сектор, за реализацијата на проектите како и за поддршката од ЕУ за современо и одржливо земјоделство. Дел од проектите имаа застој заради неажурноста на претходната власт, но ние даваме силен фокус и приоритет на разрешување на сите проблеми за побрза реализација на проектите се во интерес на македонските земјоделци. Продолжуваме со уште поголем интензитет и зголемена соработка со ЕУ за наскоро македонските земјоделци да добијат модерни европски услови за зголемено и поквалитетно производство“ – напиша на Фејсбук Трипуновски .
