Мерката 7 од ИПАРД за диверзификација на фарми и развој на бизниси има навистина широка примена и нуди поддршка на најразлични инвестиции во рурачните средини.
По принципот на ко – финансирање оваа мерка овозможува инвестиции во земјоделско производство, производство на прехрамбени производи и пијалоци, инвестиции во производство на непрехрамбени производи, занаетчиски дејности и рурален туризам.
Кофинансираниот неповратен грант до 600.000 евра може да се искористи за покривање на 60% од трошоците за изградба или реконструкција на објекти, набавка на нови машини и опрема, набавка на компјутерски софтвер итн. Вкупната планирана инвестиција треба да изнесува најмалку 10.000 евра.
Грантот е целосно неповратен, а се што е набавено во рамки на инвестицијата останува сопственост на корисникот. Може да аплицираат физички и правни лица кои ги исполнуваат критериумите за подобност.
Погледнете ја целосната листа на преку 100 прифатливи дејности за кои може да се побара неповратен грант во максимален износ до 600.000 евра преку ИПАРД програмата.
МЕБЕЛ
- Производство на канцелариски мебел и мебел за продавници
- Производство на кујнски мебел
- Производство на душеци
- Производство на друг мебел
ОБЛЕКА
- Производство на кожна облека
- Производство на работна облека
- Производство на друга горна облека
- Производство на долна облека
- Производство на други предмети и прибори за облека
- Производство на предмети од крзно
- Производство на плетени и хеклани чорапи
- Производство на плетена и хеклана облека
ТЕКСТИЛ
- Подготовка и предење на текстилни влакна
- Ткаење на текстил
- Довршување на текстил
- Производство на плетени и хеклани ткаенини
- Производство на готови текстилни производи
- Производство на теписи и килими (подни прекривки)
- Производство на јажиња, конопи, плетенки и мрежи
- Производство на неткаен текстил и предмети од неткаен текстил
- Производство на друг технички и индустриски текстил
- Производство на останати текстили, неспомнато на друго место
ПРЕРАБОТКА НА ДРВО И ПРОИЗВОДИ ОД ДРВО
- Пилење и стружење на дрво
- Производство на фурнир и други плочи од дрво
- Производство на паркет
- Производство на друга градежна столарија и подови
- Производство на дрвена амбалажа
- Производство на останати производи од дрво
- Производство на предмети од плута, слама и плетарски материјал
ХАРТИЈА И ПРОИЗВОДИ ОД ХАРТИЈА
- Производство на целулоза (пулпа)
- Производство на хартија и картон
- Производство на брановидна хартија и картон и на амбалажа од хартија и картон
- Производство на предмети за санитарни и тоалетни потреби за домаќинствата
- Производство на канцелариски материјал од хартија
- Производство на ѕидни тапети
- Производство на други предмети од хартија и картон
ПРОИЗВОДИ ОД ГУМА И ПЛАСТИЧНИ МАСИ
- Производство на надворешни и внатрешни гуми за возила, протектирање на гуми за возила (надворешни гуми)
- Производство на други производи од гума
- Производство на плочи, листови, цевки и профили од пластични маси
- Производство на амбалажа од пластични маси за пакување
- Производство на предмети за вградување (градежна стока) од пластични маси
- Производство на други производи од пластични маси
ДРУГИ НЕМЕТАЛНИ МИНЕРАЛНИ ПРОИЗВОДИ
- Производство на стакло и производи од стакло
- Производство на рамно стакло
- Обликување и обработка на рамно стакло
- Производство на шупливо стакло
- Производство на стаклени влакна
- Производство и обработка на друго стакло, вклучувајќи и теxничка стаклена стока
- Производство на огноотпорни производи
- Производство на градежни материјали од глина
- Производство на керамички плочки и подни плочи
- Производство на цигли, ќерамиди и производи од печена глина за градежништвото
- Производство на останати порцелански и керамички производи
- Производство на керамички предмети за домаќинствата и керамички украсни предмети
- Производство на керамички санитарни уреди
- Производство на керамички изолатори и изолационен прибор
- Производство на други теxнички производи од керамика
- Производство на други керамички производи
- Производство на цемент
- Производство на вар и гипс
- Производство на производи од бетон, цемент и гипс
- Производство на производи од бетон за градежни цели
- Производство на производи од гипс за градежни цели
- Производство на готова бетонска смеса
- Производство на малтер
- Производство на влакнест цемент
- Производство на други производи од бетон, гипс и цемент
- Сечење, обликување и доработка на камен
- Производство на абразивни (брусни) производи
- Производство на други неметални минерални производи, неспомнато на друго место
КОЖА И ПРОИЗВОДИ ОД КОЖА
- Штавење и доработка на кожа; доработка и боење на крзно
- Производство на куфери, рачни торби и слични предмети, седла и сарачки производи
- Производство на обувки
ФАБРИКУВАНИ МЕТАЛНИ ПРОИЗВОДИ (ОСВЕН ПРОИЗВОДСТВО НА ОРУЖЈЕ)
- Производство на метални конструкции и делови на конструкции
- Производство на метални врати и прозорци
- Производство на цистерни, резервоари и садови од метал
- Производство на радијатори и котли за централно греење
- Производство на други цистерни, резервоари и садови од метал
- Производство на парни котли, освен котли за централно греење со топла вода
- Ковање, пресување, штанцување и валање на метали; металургија на прав
- Обработка и пресвлекување на метали
- Општи машински работи
- Производство на сечила, алати и метална опрема за општа намена
- Производство на брави и шарки
- Производство на останати фабрикувани метални производи
- Производство на сандаци и слична амбалажа од челик
- Производство на амбалажа за пакување од лесни метали
- Производство на жичани производи, синџири и пружини
- Производство на сврзувачки елементи и завртни машински производи
- Производство на други фабрикувани метални производи
КОМПЈУТЕРСКИ, ЕЛЕКТРОНСКИ И ОПТИЧКИ ПРОИЗВОДИ
- Производство на електронски составни делови (компоненти)
- Производство на полни електронски плочи
- Производство на компјутери (сметачки машини) и периферна (дополнителна) опрема
- Производство на опрема за комуникација
- Производство на електроника за широка потрошувачка
- Производство на инструменти и апарати за мерење, испитување и навигација
- Производство на саати и часовници
- Производство на опрема за зрачење, електромедицинска и електротерапевтска опрема
- Производство на оптички инструменти и фотографска опрема
- Производство на магнетски и оптички медиуми
ДРУГО
- Производство на готова храна за домашни миленици
- Производство на парфеми и тоалетни препарати
- Производство на есенцијални масла
- Производство на велосипеди и инвалидски колички
- Производство на други транспортни средства
- Останата производствена индустрија
- Производство на накит, бижутерија и сродни производи
- Производство на музички инструменти
- Производство на спортска опрема
- Производство на игри и играчки
КОЈ МОЖЕ ДА АПЛИЦИРА
- Физички лица кои се регистрирани со живеалиште во рурална средина или имаат регистрирано економска активност во рурална средина;
- Правни лица (микро и мали претпријатија)
Физички лица кои предлагаат нови инвестиции за стапување во економски активности во руралните средини (на пример за самовработување) се прифатливи за поддршка во рамките на оваа мерка само доколку ги исполнат специфичните барања, односно ако тој/таа:
- поседува докажани професионални вештини и компетенции преку завршено средно образование или минимум 3 години работно искуство од областа на земјоделско производство, преработка или услуги поврзани со земјоделството (докажано преку доказ за професионално работно искуство или преку доказ како корисник на националните програми за поддршка во земјоделството и руралниот развој или други прифатливи писмени докази) или стручна обука или друг професионално признат сертификат за одделна стопанска не-земјоделска дејност (за приоритени сектори 2,3,4,5,6,7 и 8);
- се обврзе дека на крајот на инвестицијата (пред поднесување на конечното барањето за исплата) тој/таа ќе ја регистрира економската активност како занаетчија, угостител,трговец поединец или правно лице во општината каде што се наоѓа руралната средина.
Клучен предуслов за аплицирање е локацијата на која е планирано да се реализира инвестицијата да се наоѓа во рурална средина, односно населено место со помалку од 30.000 жители. Покрај селата во Македонија, ова ги опфаќа и градовите: Берово, Богданци, Валандово, Виница, Гевгелија, Дебар, Делчево, Демир Капија, Демир Хисар, Кавадарци, Кичево, Кочани, Кратово, Крива Паланка, Крушево, Македонска Каменица, Македонски Брод, Неготино, Пехчево, Пробиштип, Радовиш, Ресен, Свети Николе и Струга.

За повеќе информации и изготвување на апликации испратете e-mail на [email protected] или јавете се на телефонскиот број: 070 267 789
