Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ЦУК: Активни пет пожари, врз коишто утрово се дејствува и со воздухопловна поддршка
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > ЦУК: Активни пет пожари, врз коишто утрово се дејствува и со воздухопловна поддршка
Агровести

ЦУК: Активни пет пожари, врз коишто утрово се дејствува и со воздухопловна поддршка

Објавено 13/07/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало 26 пожари на отворено во последното деноноќие и од нив активни утрово се водат пет.

-Активните пет пожари се во општините – Неготино во атарот на с.Калањево (каде што гори ниска вегетација и шума); Ново Село над с.Бадилен, месност „Шамок“ (борова шума); Гевгелија, помеѓу с.Негорци и Кованец (мешовита шума); Долнени, над с.Црнилиште (нискостеблеста вегетација) и во Општина Штип, помеѓу селата Драгоево и Селце, месност „Хаџи Реџепли“ (каде што гори ниска вегетација и грмушки). Од рано утрово веќе се дејствува по активните пожари и како засилување на силите кои гаснат од земја, еден армиски хеликоптер започна со дејство врз пожарот на планината Серта додека полицискиот хеликоптер се подготвува да полета, а два авиона на ДЗС е планирано да полетаат кон Серта во 10 часот, велат од ЦУК.

Изгаснатите 21 пожар се во општините – Центар, Чучер Сандево, Студеничани, Шуто Оризари, Бутел, Петровец, Гази Баба, Сарај, Шуто Оризари, Сарај, Битола, Прилеп, Долнени, Долнени, Струга, Струга, Градско Кочани, Штип, Тетово и во Општина Богданци.

Во јули 2024 до сега, заклучно со 12.07.2024 година, имало вкупно 173 пожари на отворен простор од пошироки размери.

Сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации. Истовремено, ЦУК информира дека е корисно да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Активнивоздухопловна поддршкапет пожариЦУК
Претходен напис Армиски хеликоптер го гаси пожарот на планината Серта, ќе му се придружат и полициски и два „ер трактори“
Следен напис Од воздух се гаси пожарот на планината Серта во штипскиот регион
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?