Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Општина Куманово ќе изврши втора авионска дезинсекција против комарци
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Општина Куманово ќе изврши втора авионска дезинсекција против комарци
Агровести

Општина Куманово ќе изврши втора авионска дезинсекција против комарци

Објавено 11/07/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Општина Куманово ќе изврши второ авионско прскање против возрасна форма на комарци, информираа денеска надлежните од општината. Третманот ќе се изврши на површина од 1.500 хектари и ќе го опфати централно градско подрачје, пречистителна станица ЈП „Водовод“ село Добрашане, по течението на реките Кумановка, Липковка, Којнарка, месните заедници Бабин Дол, Гоце Делчев, Тоде Мендол.

– Се известуваат граѓаните на општина Куманово дека на ден 15 јули 2024 година (понеделник), во раните утрински часови (од 05:00 до 08:00 часот) на територијата на Општината ќе се изврши второ авионско прскање против возрасна форма на комарци. При извршување на третманот ќе се користи препаратот Aqua K-Othrine 2 EW, информираат од општината.

Оттаму повикуваат пчеларите да преземат соодветни мерки за заштита на пчелите. Доколку временските услови не го дозволат вршењето на третманот, тој ќе се одложи првиот нареден ден кога временските услови ќе бидат поволни.

Во јуни беше извршено прва авионска дезинсекција против комарци.

Општината, како што претходно, информираа од Одделението за јавни набавки склучи договор со „Бониер“ за авионско прскање против комарци речиси два милиони денари со данок на додадена вредност. Општина Куманово преку посебен тендер склучи договор и со „Плант медика“ за услуги за запрашување против инсекти, дезинсекција, дератизација против крлежи, лебарки, комарци и глодари, во висина од 796.500 денари со вклучен данок на додадена вредност.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:авионска дезинсекцијавторакомарцикуманово
Претходен напис АХВ: Превентивно затворена сендвичарница во скопски Аеродром
Следен напис ГРАНТ од ИПАРД за компании од ДРВНАТА ИНДУСТРИЈА: Изградба на производствен погон, набавка на опрема, машини, соларни панели…
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?