Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Досега поднесени 580 пријави до Општина Валандово за штетите од невремето од 2 јули
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Досега поднесени 580 пријави до Општина Валандово за штетите од невремето од 2 јули
Агровести

Досега поднесени 580 пријави до Општина Валандово за штетите од невремето од 2 јули

Објавено 08/07/2024
Сподели
1 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во архивата на Општина Валандово досега се поднесени 580 пријави за штети од невремето кое го зафати валандовско на 2 овој месец, информираше градоначалникот Перо Костадинов.

Според него, бројот на пријавите ќе биде поголем од досегашните, бидејќи пријавувањето на штетите трае до утре и тогаш ќе се знае точно колку граѓани ќе побараат оштета за претрпените штети од невремето.

-Најголем дел од пријавите за штета се однесуваат за градот Валандово, земјоделските посеви околу него и атарот на село Пирава. Штети има и на други места, но невремето најасилно удри по посевите и голем дел од овошните насади се уништени, а големи се и штетите на повеќе објекти, изјави Костадинов.

По завршувањето на пријавувањето од страна на Општинската комисија за проценка штетите ќе биде подготвен извештај, кој ќе биде доставен до Советот на усвојување, а потоа ќе биде доставен до соодветната владина комисија.

Силниот ветер проследен со дожд и град на 2 јули искорна и искрши дрвја, однесе повеќе покриви, откорна пластеници на земјоделски насади, урна соларни системи, а паднатите дрвја предизвикаа штети кај повеќе автомобили. 

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:580 пријавиВаландовоневреметоподнесеништетите
Претходен напис Втора фаза од теристичка дезинсекција против комарци во Берово
Следен напис Винариите да склучуваат договори за откуп на грозје, бараат „Тиквешки лозароовоштари”
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?