Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Данска ќе воведе данок за сточарите поради стакленички гасови што ги испуштаат нивните крави, овци и свињи
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Данска ќе воведе данок за сточарите поради стакленички гасови што ги испуштаат нивните крави, овци и свињи
Агровести

Данска ќе воведе данок за сточарите поради стакленички гасови што ги испуштаат нивните крави, овци и свињи

Објавено 01/07/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Данска ќе ги одданочува сточарите поради стакленички гасови што ги испуштаат нивните крави, овци и свињи од 2030 година, и е првата земја што ќе го стори тоа. Ова е дел од амбициите на Копенхаген да постигне јаглеродна неутралност што е можно поскоро.

Од Владата на оваа скандинавска земја сметаат дека добитокот е главен извор на емисиите на метан кој се смета за еден од најмоќните гасови кои придонесуваат за глобалното затоплување.

„Во оваа фаза, целта е да се намалат емисиите на стакленички гасови во Данска за 70 отсто споредено со нивоата од 1990 година до 2030 година“, објасни министерот за даноци Јепе Брус.

Од 2030 година, данските сточари ќе се оданочуваат со 300 круни (40 евра) по тон еквивалент на јаглерод диоксид во 2030 година. Данокот ќе се зголеми на 750 круни (100 евра) до 2035 година. вистинската цена по тон ќе започне од 120 круни (15 евра) и ќе се зголеми на 300 круни до 2035 година.

Иако јаглерод диоксидот обично добива поголемо внимание за неговата улога во климатските промени, метанот заробува околу 87 пати повеќе топлина во период од 20 години, според американската Национална океанска и атмосферска администрација.

Нивоата на метан што се испушта од извори, вклучително и депониите, системите за нафта и природен гас и добитокот се зголемија особено брзо од 2020 година. Производството на добиток е одговорно за околу 32 отсто од емисиите на метан предизвикани од човекот, се наведува во Програмата за животна средина на Обединетите нации.

„Ќе направиме голем чекор поблиску да станеме климатски неутрални во 2045 година“, рече Брус, додавајќи дека Данска „ќе биде првата земја во светот што ќе воведе вистински данок на јаглерод за земјоделството“ и се надева дека другите земји ќе го следат примерот.

Нов Зеланд донесе сличен закон што треба да стапи на сила во 2025 година.

МИА

Може да ви се допадне

ОД ШТАЛА ДО РУРАЛЕН ТУРИЗАМ: Како словенечката фарма „Фирбас“ стана европски хит
Европски модел кој инспирира: Како задругата „Мелинда“ во Италија ги спаси семејните фарми
Лекција од соседите: Како српските пчелари САМИ ГО РЕШИЈА ПРОБЛЕМОТ СО ПЛАСМАНОТ на медот
Крадци во Италија украле 30.000 шишиња вино вредни пет милиони евра, луѓето плачеле во винаријата
Предлог: До 50.000 евра за предавање на фарма на млад земјоделец
Таг:гасовиданокДанскакравиовцисвињисточарите
Претходен напис УХМР: Утре нестабилно време со пороен дожд, грмежи и град
Следен напис Надминат проблемот со наводнување на земјоделските површини во Овче Поле
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?