Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Најмногу дожд наврнал во Крива Паланка, Тетово и Скопје
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агропрогноза > Најмногу дожд наврнал во Крива Паланка, Тетово и Скопје
Агропрогноза

Најмногу дожд наврнал во Крива Паланка, Тетово и Скопје

Објавено 27/06/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврнал во Крива Паланка – 66 литри на метар квадратен, потоа во Тетово – 52, Скопје, кај Петровец – 18 и Штип и Виница по седум литри на метар квадратен, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Од УХМР, нагласуваат дека дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР, но поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.

Минималните измерени температури изутринава во 8:00 часот се Крива Паланка 14 степени целзиусови, Берово – 15, Скопје-Петровец, Виница и Крушево – 17, Тетово и Штип – 18, Демир Капија, Претор и Охрид – 19, Струмица –  21, Битола – 22 и Гевгелија – 23 степени целзиусови.

Времето во првата половина од ноќта во северните делови од земјава беше нестабилно со пороен дожд и грмежи, наместа во форма на невреме. Утрово е сончево со мала до умерена облачност.

Денеска не очекува променливо облачно и нестабилно време со повремен пороен дожд и грмежи. На повеќе места ќе има појава на невреме со обилен пороен дожд за кратко време(над 30л/м2), грмежи, силен ветер (над 60 км/час) и појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 27 до 34 степени. UV=6

Во Скопје променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи, во делови од котлината во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време, грмежи, силен ветер и појава на град. Максималната температура ќе достигне 32 степена. 

МИА

Може да ви се допадне

Попладне нестабилно време со пороен дожд, грмежи и локално невреме
Сончево со мала облачност, попладне локална појава на дожд, грмежи и ветер
Променливо облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно време
Променливо облачно време со сончеви периоди до крајот на неделава
Реализирана втората авионска фаза од дезинсекцијата против комарци во Скопје
Таг:Крива ПаланкаНајмногу дождСкопјететово
Претходен напис Девет пожари на отворено низ државава изминатото деноноќие
Следен напис УХМР: Утре повремен пороен дожд и грмежи, особено во источните делови
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?