Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Трипуновски: Ќе ја зајакнеме мерката за осигурување на земјоделските површини
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Трипуновски: Ќе ја зајакнеме мерката за осигурување на земјоделските површини
Агровести

Трипуновски: Ќе ја зајакнеме мерката за осигурување на земјоделските површини

Објавено 26/06/2024
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски  денеска ги посети општините Тетово и Јегуновце за да види со какви последици се соочиле земјоделците по невремето и поплавите во неделата. Плодното земјиште околу селото Сиричино во Општина Јегуновце беше едно од најпогодените, па министерот заедно со пратеници и градоначалникот Димитар Костадиновски, ги посети тамошните земјоделци и беше на самото место информиран за состојбите.

– Она што јас сакам да го потенцирам со изјава дека ние како Влада како министерство, ќе ја зајакнеме мерката за осигурување на земјоделските површини, бидејќи знаете, климатските промени се од година во година се поизразени. Нашиот сет на мерки којшто го планиравме и во предизборната програма, она што сега ќе го практикуваме да обесштетувањето, односно осигурањето биде една од мерките меѓутоа и многу други пропратни елементи коишто ќе значат заштита на земјоделските површини од вакви природни непогоди. За нас како држава, како министерство е приоритет за да го заштитиме буџетот на државата, а од друга страна и земјоделците да бидат заштитени од ваквите природни непогоди, истакна Трипуновски.

На новинарските прашања како ќе одговори Владата на барањата за обесштетување кои бе биле реализирани досега од претходната власт, Трипуновски рече дека ќе се направи напор тоа да се направи по буџетскиот ребаланс. 

– Практично сум трет ден министер, можам накратко да кажам дека многу од услугите односно многу од средствата коишто требале да стигнат до граѓаните по разни основи субвенции, мерки, обесштетување не се стигнати. Знаете дека власта којашто замина трошеше на непродуктивни трошења на луксуз, а граѓаните беа на последно место. Ние како министерство како влада во наредниов период ќе се потрудиме и оној ребаланс со што се спрема во министерство за финансии да бидат граѓаните на прво место. Апсолутно сигурно ќе се направи план за динамика на обесштетување, бидејќи такви ситуации целата држава не е само во овој западен дел на државата, рече министерот.

Димитар Костадиновски, градоначалник на Јегуновце, изрази надеж дека посетата на министерот ќе значи можност и начин да неговите сограѓани скоро да бидат обесштетени.

– Формиравме комисии, излеговме на терен и до овој момент има околу педесетина барања доставени не само од Сиричино и од другите населени места каде што очекуваме таа бројка да се зголеми реално треба да се зголеми таа бројка поради проблемите на граѓаните, истакна Костадиновски.

Согласно процените на терен ќе се изготви и соодветен елаборатот за да се утврди висината на обесштетувањето од страна на второстепената комисија при Влада.

МИА

Може да ви се допадне

Повик за пријавување на штети на земјоделски насади од природна  непогода – голомразица на територијата на Општина Ресен
Индустриското производство во април зголемено за 7,6 отсто
Дурмиши: Цените се стабилни, ако кризата продолжи и има енормно зголемување, ќе преземеме мерки
МЕФ 2026 втор ден: Интеграцијата во енергетскиот пазар претставува важен дел од процесот на европска интеграција, земја која не е доволно поврзана со регионот е поранлива
Во целост исплатена еврообврзницата издадена во 2020 година во вкупен износ од 700 милиони евра
Таг:зајакнемеземјоделските површинимеркатаосигурувањеТрипуновски
Претходен напис УХМР: Поради најавените врнежи, можни зголемувања на водостоите и комунални проблеми во градските средини
Следен напис Штетите од град на земјоделските површини повторно го отворија прашањето до каде е новиот ЗАКОН ЗА ЗЕМЈОДЕЛСКО ОСИГУРУВАЊЕ
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?