Најголем проблем кај овој вирус е што се јавува асимптоматски, а заразата се забележува дури кога состојбата ќе се влоши поради недостаток во исхраната и хигиената.
Репродуктивниот и респираторниот синдром економски е најсмртоносен вирус во сточарската индустрија. Предизвикува неуспешна репродукција, порано отелување,рано оплодување на свињите и респираторни болести и смртност на малдите свињи, Succeessful Farming.
Воглавно се пренесува за време на парењето или во текот на вештачкото оплодување, а минува низ плацентата во доцна бременост. Вирусот се состои од RNA, со кружна форма и пораснува за 28,4 nm. Се населува во душникот од каде успешно се размножува по целото тело. Ги инфицира дишните алвеоли при шти кај полесните зарази може да доведе до тешко дишење, додека кај комплицираните состојби предизвикува воспаление на белите дробови кои зафатени со него изгледаат дамкасто и жолтокафеави. Често се јавува и оток на лимфните јазли.
Има два видови и во почетокот е асимптоматски
Бидејќи PRRS се состои од генетски материјал РНК а не ДНК во мутацијата постојат многу варијанти. Вирусот има два слоја, еден кој потекнува од САД и друг кој се развил во Европа, а денес и двата се раширени во делови од светот.
Најголем проблем кај овој вирус е што се јавува асимпоматски а заразата се забележува дури кога состојбата ќе се влоши поради недостаток во хранењето и хигиената. Од кога животното е заразено па додека не покаже некои симптоми може да поминат од 5 до 35 дена а во организмот може да се задржи дури и до 5 месеци. Свињата која е заразена раѓа 37% живо потомство, а ако таа се опраси во акутна фаза на инфекција, прасето нема речиси никаква шанса за преживување, смртноста е воглавно 100%.

Симптоми – депресивна состојба, температура, проблеми со дишењето
Често на фармите се проширува поради контаминираната храна, шталите, водата и превозот во кој се возеле заразени свињи. Освен тоа, во некои случаи инфекцијата се јавила и кога стадото се обновувало со нови, наизглед здрави свињи кои всушност во себе носеле опасни микроорганизми. Поради тоа е потребно секогаш пред внесување да се тестираат новите животни, а бројни ветеринари советуваат дека вакви проверки би требало да се извршуваат што почeсто на фармите преку цела година.
Моментално не постои специфичен лек за вирус
Не постои специфичен третман за PRRS. Антибиотици со широк спектар можат да бидат корисни во контрола на секундарните инфекции. Интересно е што вирусот не може да се спротивстави на сите средства за дезинфекција, а не сака ни ултравиолетови зраци, процеси на смрзнување и одмрзнување, тертмани со јаглероден диоксид и примена на кисело – базни својства.
Во текот на акутната болест најчесто се применуваат противвоспалителни производи ( на пример Аспирин). Останатите корисни техники вклучуваат изолација на прасињата, разни протоколи на кинење на PRRS, редовни здравствени прегледи, тестирање и отстранување на заразените свињи од стадото најмалку 60 дена, додека вепарот кој бил во заразеното стадо треба да се стави во карантин од 90 дена.

Извор – АГРОКЛУБ.рс
